Оваа таканаречена „магична вода“ може да ви помогне да им речете „3богум“ на килограмите. Вишокот килограми и масни наслаги во пределот на стомакот, или народски кажано „caло“, е нешто од кое секој сака да се ocлободи.
Покрај тоа, овој дебел појас освен што е неестетски, со себе носи и здравствен ризик од појава на некои болести. Дознајте како можете да го решите овој проблем со помош на водата од сливи која се пие седум дена на празен желудник.
Голем број луѓе се соочуваат со еден ист проблем, односно вишокот килограми им се појавува токму во пределот на стомакот. Ова мора да се признае, доста грдо изгледа и ја менува целокупната физичка фигура на личноста.
За среќа, како и секогаш природната медицина има решение за секакви здравствени состојби, па така и за оваа. Имено, со овој природен напиток ќе помогнете во намалувањето на натрупаните масни наслаги, а со и да се спречат бројните здравствени ризици.
Основна состојка за приготвување на оваа „магична вода“ се сливите. Втората состојка е вода, но најдобро би било да не користите вода од чешма, туку филтрирана или уште подобро, изворска, некоја која потекнува од повисоко место.
Исто така, добро би било водата која ќе ја користите за овој рецепт, но и за пиење во текот на денот, да не содржи натриумови катјони повеќе од 50. Секогаш кога купувате вода читајте ја нејзината содржина, зашто е многу важно за општото здравје.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г свежи сливи и 1 литар вода (изборот на водата е ваш). ПОСТАПКА: Сливите добро измијте ги со ладна вода, а доколку се сомневате дека биле прскани, оставете ги 15-тина минути во раствор од сода бикарбона или подолго време мијте ги под млаз и убаво истријте ги.
Земете еден сад кој може добро да се затвори, речиси херметички, па во него ставете ја водата и сливите кои претходно ќе ги избоцкате со виљушката или дрвена чепкалка. Затворете го садот и оставете го во фрижидер, на најдолната полица, да отстои една недела.
Откако ќе помине тој период, течноста процедете ја низ газа, а добиената вода складирајте ја во стаклено шише. Дури тогаш оваа „магична вода“ е спремна за конcyмирање.
УПОТРЕБА: Секое утро извадете си една чаша од 150 мл и оставете ја течноста да се стопли на собна температура. Не ја пијте директно од фрижидер, но исто така не треба ниту да ја зовривате, туку да биде млака.
Оваа течност потребно е да ја пиете секое утро на гладен стомак, пред било што друго да изедете. После половина час можете да појадувате некој лесен оброк.
За да ви стигне целата течност во текот на една недела, потребно е да пиете по околу 140 мл дневно. А доколку сакате да пиете по 200 мл дневно, тогаш направете ја течноста од 1,5 литар вода и 150 г сливи или количините прилагодете ги според потребите.
Водата од сливи може да има благ лаксативен ефект, особено ако ја испиете целата количина од 1 литар на празен стомак. НАПОМЕНА: Пред употреба советувајте се со вашиот лекар.