Нашите коски постојано се обновуваат, постојано се создава ново коскено ткиво. Кога тоа не би се случувало, коските не би биле квалитетни и често би имале фрактури.

Клетките наречени остеокласти вршат разградување на старото коскено ткиво, а новото го градат остеобластите.

Па така, во нормални услови, остеокластите и остеобластите се во постојана меѓусебна рамнотежа.

Меѓутоа, од Х причини, таа рамнотежа може да се поремети, па во такви ситуации доаѓа до намалување на коскената маса.

Кај повеќето луѓе густината на коскената маса започнува постепено да се намалува кога ќе ја поминат 30-тата година од животот, а кај жените тоа значително се забрзува во првите десет години од почетокот на менопаузата.

За среќа, постојат мерки кои можете да ги преземете за да го успорите или дури и целосно да го стопирате губењето на густината на коските.

Како и секогаш, природата ни го нуди најдоброто решение.

Foeniculum vulgare – МОРАЧ – МАКЕДОНСКИ АНАСОН

На прво место е познатата, а често неправедно занемарена намирница – македонскиот анасон или како што уште се нарекува, морач или коморач.

Ако досега не сте го пробале овој анасон, тогаш ова е вистинското време за првпат. Оваа билка уште е наречена и сладок копар, сладок анис, дива мирудија… во зависност од поднебјето каде живеете.

Овој зеленчук има долга историја за негово користење во медицински цели, па одамна се применува како освежувач на здивот, кај дигестивни тегоби и за исфрлање на слуз од белите дробови.

Семето од анасонот има благопријатно дејство и против губитокот на минералната густина на коските.

Делува така што го зголемува бројот на остеокластите (клетките кои ги градат коските) и со тоа дава заштита на скелетниот систем.

Анасонот е богатство од хранливи материи, вклучително витамин Ц, фолна киселина, калциум и магнезиум. Содржи антиоксиданти кои помагаат да се намалат воспаленијата, го јакнат имунолошкиот систем и помагаат во спречување на појава на рак.

Затоа, дури и доколку не сакате да го јадете анасонот, понекогаш додадете го во дневното мени. Сепак станува збор за вашето здравје. Македонскиот анасон е само еден пример за зеленчук кој е одличен за вашите коски.

Висок процент на зеленчук во исхраната веќе одамна е познато дека има позитивен ефект врз минералниот статус на коските.

Вклучување во прехраната на квалитетен, органски и домашен зеленчук, ќе ја зголеми силата на вашите коски и ќе го намали ризикот од фрактури во било која возраст од вашиот живот.

РЕЦЕПТ:

Наберете млади зелени гранчиња и цвет од Македонски анасон и исушете ги под сенка на проветно место. Потоа сомелете ги сувите гранчиња и добиената содржина просејте ја низ ситно сито.

Магичниот прав чувајте го во стаклен или друг соодветен сад што херметички се затвора. На ист начин постапете и со неговото семе.

Се користи како зачин за подобрување на вкусот на многу јадења, а после оброк се консумира за подобро варење на храната и против дуење на стомакот.

За разни дигестивни пречки се пие чај од едно рамно или половина лажиче прав (едно лажиче за цело семе или билка) помешано во топла вода, да отстои 5 минути и се пие.

Помага при:

-Варење и проблеми со дишење
-Ублажува напади на астма
-При инфекција на мочните патишта
-Ублажува грчеви и стомачни тегоби кај деца и

-Ублажува болки од реума

Се користи за полесно искашлување, и особено на нашето поднебје за дигестивни проблеми, односно полесно варење на храната.

Се препорачува и за доилките кои немаат доволно млеко, може да се комбинира со други билки кои имаат слично дејство. Се сретнува и во разни препарати за отстранување на непријатен здив, и има својство на зголемување на апетитот.

Чајот од морач е природен лек за болни очи и помага при конјуктивитис. Има благотворно влијание врз намалување на очни тегоби, со едноставно ставање на потопено памукче во чај, на самото око.

Се справува со воспаление на респираторниот тракт и помага при искашлување секрет. Ги опушта и мускулите на матката, и помага при регулацијата на хормони.

Напомена: Преголемото конзумирање на оваа билка, може да доведе до преголема чуствителност на сонце.