Едноставно за приготвување, брзо, лесно и вкусно. Од оваа смеса излегуваат 12 проички печени во калап за мафини.

Потребни состојки:

400 г рендани тиквички

½ главица рендан кромид (или една помала, или половина ако е голема)

1 лажичка сечкан магдонос

1 јајце

2 лажици кисела павлака

2 лажици масло

100 мл јогурт

10 лажици гриз

10 лажици пченкарно брашно

1 лажичка прашок за печиво

Сол, мелен црн пипер

Постапка:

Тиквичките изрендајте ги, додадете сечкан магдонос, изрендан кромид и сол.

Оставете малку да постои па додадете масло, кисела павлака, јогурт, јајце, гриз, пченкарно брашно, прапок за печиво и мелен пипер.

Смесата добро измешајте ја за да се соединат состојките, па ставајте во калап за мафини, претходно намастен и наросен со гриз.

Печете на 180 степени околу 25-30 минути.