Ова се некои работи кои жените ги прават кога веќе не им се допаѓате:
НЕ КОМУНИЦИРАТЕ КАКО ПОРАНО
Претходно нормално сте комуницирале, а сега не започнува никаква тема и покажува како воопшто да не се заморува околу тоа.
ИЗГОВОРИ
Кога сакате да излезете со неа, наоѓа некаков изговор само за да одбие. Претходно едвај чекала, а сега не.
НЕ Е РАСПОЛОЖЕНА
Кога е во ваша близина, наместо да биде расположена, таа е нервозна и се’ и пречи. Некои работи што ги правите и идат на нерви, а претходно не и пречеле. Доколку не е во ПМС, запрашајте се малку.
МОЛЧАЛИВА Е
Повеќето време молчи и навистина не можете да знаете што не е во ред. Поразговаракте за да откриете за што станува збор.
НЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ВАС КАКО ПОРАНО
Претходно се интересирала за вас, за вашите случувања, а сега некои работи не ги ни забележува. Повеќе е фокусирана на своите работи.
НЕ ВИ ГИ ОТКРИВА НЕЈЗИНИТЕ ЧУВСТВА
Претходно ви се отворала за тоа како се чувствува, што и се случува, а сега ве држи вон нејзиниот свет.
КАВГИ
Некои жени само молчат, а некои сакаат повеќе да се расправаат. Доколку прави проблем и тогаш кога воопшто не сте згрешиле, може да значи дека веќе не и се допаѓате, но не знае како тоа да ви го каже.
И ПРЕЧАТ ВАШИТЕ НЕЖНОСТИ
Жена која сака и е вљубена, сака да внимание, нежност, љубовни зборови…а сега тоа и пречи.
НЕ ВЕ СЛУША
Не се интересира за она што го зборувате, ниту се труди нешто да ви помогне.
НЕМА ВНИМАНИЕ
Се однесува како да и е сеедно дали сте тука или не. Поскоро би ислегла со други, отколку да го поминува времето со вас.