Ако сте љубител на масната храна и ако често ја јадете, тогаш запишете си го овој рецепт и започнете да го приготвувате овој здрав напиток кој многу успешно ги разбива маснотиите и го намалува нивото на холестеролот.
Направете го овој едноставен напиток за прочистување на организмот од маснотии. Особено добро доаѓа после празници или после обилни оброци и во текот на д иета кога внимавате на исхраната.
За да го приготвите овој напиток, потребни ви се само две состојки: 400 г целер (корен и лист) и 1 килограм лимони. Постапката е доста лесна и едноставна, а ќе добиете поголема количина која ќе ви потрае за неколку денови.
Целерот добро измијте го и исчистете го од нечистотија, а потоа изрендајте го или ситно исечкајте го. Став ете го во два литри вода и во неа додајте малку рендана лимонова кора (од два-три лимони).
Откако ќе зоврие намалете ја температурата на огнот и варете уште дваесет минути. Потоа оставете поклопено да се лади околу 5-6 часа. По изминатото време исцедете го сокот од еден килограм лимон и додајте го во течноста.
Процедете ја содржината низ газа и убаво истискајте за да излезе што повеќе сок од целерот. Течноста складирајте ја во стаклено шише со добро капаче и чувајте го затворено во шише. Пред секое отворање, малку протресете го шишето.
УПОТРЕБА: Овој напиток се пие половина час пред јадење, трипати дневно. Се пие по 100 мл, а доколку ви е силен вкусот, можете да го разблажите со малку вода. Напитокот веднаш по употреба затворајте го и чувајте го во фрижидер.
Чај од целер против реума – рецепт. На рингла во тенџере ставете половина литар вода, па кога ќе зоврие додајте 20 грама листови од целер. Поклопете и оставете да отстои 2-3 минути.
Тргнете од оган и оставете чајот да се излади. Процедете и пијте во текот на целиот ден. За лекување на реума се препорачува да се пие секој ден по 4 чаши во период од 4-6 недели.
Целерот лекува циститис и бубрежни инфекции, а кога ќе се измеша со мед и лимон, лекува артроза и артритис. Целеровиот сок е природен чистач на организмот кој изобилува со широк спектар на лековити својства.
Овој зеленчук e познат природен лек кој се користел уште од античките времиња за намалување на високиот кр-вен притисок.