Локмите се вкусен слаткарски специјалитет кој многу потсетува на крофнички. Тестото прво се замесува со квасец, па се додаваат останатите состојки како мед, брашно, млеко… и се остава да ферментира. Тоа е меко и има конзистентност како за уштипци кои директно се спуштаат во врело масло. Локмите се всушност топчиња кои се пржат во загреано масло, а потоа се преливаат со шербет.
Дечињата особено ги сакаат бидејќи овој десерт е лапни-голтни. Локмите може да се прелијат со мед, наместо со шербет, а може и да се наросат со шеќер во прав, цимет или мелени ореви. Се прават брзо и лесно, а најважно од сѐ е да отстојат некое време по подготовката за да примат од сирупот во тестото. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: една и пол шолја вода (360 мл), една лажица квасец, една лажица шеќер, две чаши сенаменско брашно (400 г), две лажици пченкарен скроб, две лажици млеко во прав, 160 мл млеко (или 2 лажици млеко во прав), малку сол, една лажица ванила, две лажици масло. ЗА СИРУПОТ: две шолји шеќер (500 г), две шолји вода (500 мл), неколку кардамон семки, една кафена лажичка сок од лимон, една четвртина шолја мед.
ПОСТАПКА: За да го замесите тестото, во еден подлабок сад истурете една и пол шолја вода, додајте една лажица квасец и една лажица шеќер. Добро измешајте ги состојките со жица или маталка и оставете го квасецот да се активира 5 минути, на топло место. За тоа време, квасецот треба да набубри.
Во истиот сад додајте две чаши брашно за сите намени, две лажици пченкарен скроб, две лажици млеко во прав, малку сол и една ванила. Добро измешајте додека да се формира тестото. Доколку немате млеко во прав или не можете да најдете, ставете околу 160 мл обично млеко, додавајќи го постепено, додека го замесувате тестото. По конзистентноста на тестото ќе забележите кога е доволно.
Со лажицата измешајте ги состојките додека да се формира фино и меко тесто кое треба да биде лепливо и лелеаво. Додајте две лажици масло во садот за матење и потоа домесете го тестото со рака уште 10 минути, додека да се соедини. Вака подготвеното тесто, оставете го во садот каде што сте го замесиле и оставете го тестото да ферментира 1 час и да ја удвои својата големина, покриено под проѕирна фолија.
ЗА СИРУПОТ: Во мало тенџере на средна топлина додајте две шолји шеќер, две шолји вода и неколку семки кардамон. Промешајте и почекајте водата да се загрее, па оставете да врие 12 минути, со повремено промешување. За тоа време, шеќерот треба целосно да се стопи. По изминатото време, намалете ја температурата на ринглата и додајте една лажичка лимонов сок и една четвртина шолја мед.
Добро измешајте и тргнете го тенџерето од оган, па оставете да се излади. Кога тестото ќе ја удвои својата големина, домесете го уште малку за да излезе акумулираниот воздух од него. Тестото треба да има потенка конзистентност од тестата за печива. Вака подготвеното тесто (како за уштипци) се става во готварски шприц и директно се спуштаат топчиња во загреано масло.
Загрејте масло на средна топлина во длабоко тенџере. Со помош на диспензер или готварски шприц, сечете ги топчињата од тестото директно во врелото масло (големината ја одредувата вие). Повремено превртувајте ги топчињата во маслото за да се зготват од сите страни, додека да добијат златно-жолта боја.
Пржете ги локмите приближно шест минути додека да поруменат. Испржениот локми веднаш по вадењето од маслото потопете го во оладениот сирупот, а потоа оставете ги да впијат уште некое време од сирупот. Деталите погледнете ги ОВДЕ.