Потребни состојки за тесто:
1 кг (+100 г) брашно
1 лажичка прашок за печиво
1 коцка (40 г) свеж квасец
200 мл млеко
200 мл јогурт
200 мл вода
100 мл масло
2 лажички сол
2 лажички шеќер
ФИЛ:
200 г путер
200 г крем-сирење (или некој друг намаз)
1 лажичка сол
За одозгора:
Жолчка, 4-5 лажици масло, сусам
ПОСТАПКА:
Во 200 мл топло млеко ставете лажичка шеќер, лажичка брашно и издробете го квасецот, промешајте и иставете на топло место да се активира. За тоа време брашното (1 кг) просејте го и помешајте го со прашок за печиво.
Јогурт, вода и масло – затоплете ги малку да бидат млаки, додадете шеќер и сол, активираниот квасец и постепено додавајте брашно, па замесете меко тесто.
Замесеното тесто покријте го со крпа и оставете го на топло место, најдобро во затворена рерна, да надојде околу половина час.
Омекнатиот путер измешајте го со сирењето (или тестото премачкајте го намазот а ладниот путер израндејте го одозгора). Подлогата за месење побрашнете ја и со оклагија развлечете тесто со дебелина од половина прст (околу 60х40см). Отсечете ги краевите ако се нерамни.
Селата површина на тестото премачкајте ја со мешавина од путер и сирење.
Потоа исечете го тестото на ленти, по ширина (отприлика се добиваат 8 ленти со ширина од 7 см).
Плехот (32 см) обложете го со хартија за печење. Свиткајте една лента и ставете ја во центарот од плехот. Потоа земајте лента по лента и редете по ред, на крајот од претходната лента (значи само првата е свиткана, после се пренесуваат лентите и се „лепат“ во круг). Тоа е малку масно и неуредно, но ништо не се забележува кога питата ќе се испече.
Свитканиот полжав премачкајте го со жолчка измешана со малку масло, наросете сусам и ставете во загреана рерна да се пече додека да зарумени, на 180 степени (најдобро е времето и температурата на печење да ги прилагодите на својата рерна).
Слатката варијанта е без сирење, туку со цимет. Полжав-питата можете да ја направите и во помала варијанта ако соодветно ги намалите количините на состојките.