-Реконструирана аортна валвула и креирање на 3 нови залистоци кај шестгодишно дете-
Лис Бериша е 6 годишно детенце кое за прв пат доаѓа кај нас за оперативен третман, кој инаку е роден со вродена срцева маана – аортна стеноза, стеснет почетен дел на аортата – голем крвен сад кој излегува од левата комора и служи за пренесување на оксигенирана крв до целиот организам.
Кај пациентот веднаш по раѓањето бил слушнат систолен шум а поради проблеми со исхраната, и слаб напредок во телесната тежина, бил задржан во приштинската болница каде на ехокардиограмот била утврдена тешка аортна стеноза.
– На двомесечна возраст поради неможност за хируршки третман, била реализирана интервентна балон дилатација на аортната стеноза на Универзитетска Детска Клиника во Белград, со што е проширен аортниот влез, со намалување на притисочниот градиент.
Потоа детенцето е редовно следено ехокардиографски, со повторно зголемување на притисочниот градиент, појава на левострана хипетрофија на срцето, инсуфициенција на аортната валвула со ризик понатамошен од срцева инсуфициенција, објаснува доктор Јорданка Маџоска, педијатар во нашата клиника.
Јасно било дека состојбата на ова детенце барала хируршки третман кој би бил трајно решение за пациентот без потреба од реоперација.
Со оглед на тоа дека по литература се опишуваат три можности за оперативен третман а тоа е: замена на аортната валвула со механичка протеза која е сигурно и долготрајно решение но бара превенција од тромбоемболиски компликации и наложува забрана на физичка активност или други процедури кои предизвикуваат крвавење;
Третманот е максимално одложен до поголема возраст кога ќе може да се имплантира најголемата протеза со повторен ризик од повторна замена поради растот на пациентот. Втората опција е со замена на валвулата со биолошка протеза кои пак не издржуваат доволно долго и повторно е со потреба од антикоагулантна терапија.
Третата опција е Рос процедура со автотранспланатација на пулмонална валвула на аортната позиција. Од сите можности ниту една, поради возраста на пациентот не беше решение за пациентот.
По разгледување на случајот од нашиот стручен тим на чело со доктор Жан Митрев одлучено беше Лис да биде згрижен во нашата клиника и да биде опериран со што се направи проширување на стеснетиот дел на аортата и дополнително со перикарден материјал „матрикс“ доктор Жан Митрев конструираше аортни валвули. Веднаш по операцијата на направените контроли се утврди одлично функционирање на валвулата и проширениот дел на стеснетата аорта.
– Со ова се доби трајно решение за пациентот, поради својството на материјалот да расте со растот на пациентот и да нема потреба од понатамошни оперативни зафати, нема хронична терапија и може да се занимава со спорт, појаснува доктор Маџоска.
Пациентот за цело време по оперативниот третман беше со стабилни витални параметри и веќе денеска си заминува дома една недела по операцијата.
Целиот случај би го дефинирале како одличен оперативен и постоперативен тек на една специфична срцева маана која беше решена на начин кој може да кажеме е нов, уникатен, сè уште не применуван во педијатриска кардиохирургија, со која ќе испишува нови протоколи во оперативниот третман на аортна стеноза!- заклучува докторката.
Лис и неговата мајка денеска се подготвуваат да заминат дома спокојни дека се заврши најдобро што може.
– Јас како мајка немам зборови со кои би ја искажала благодарноста кој целиот тим на оваа клиника а посебно кон доктор Жан Митрев. Благодарам за сè што направивте за моето дете. Целокупниот персонал којшто го сретнав во Zan Mitrev Clinic е крајно професионален со пријателски пристап без што се би поминало за мене многу потешко. Одиме дома каде што не очекува нашето семејство а посебно братот на Лис, Маљ којшто е брат близнак на Лис – задоволно вели госпоѓа Бериша.
Лис биди здрав, силен и среќен… животот е пред тебе.
Со искрена љубов Zan Mitrev Clinic.