ЛИМОН ВО ГАЗИРАНА ВОДА е најдобриот напиток за смалување и на најголемите стомаци…Одлично МЕНИ за 4 дена од неделата…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 литри вода (газирана/минерална/дестилирана, или по избор),
1 лажица рендан корен од ѓумбир,
1 тенко исечена краставица без кора,
1 лимон и
12 листови нане

ПОСТАПКА:

1.Измијте го лимонот и исечете го на прстени, а доколку е органски, задолжително сочувајте ја и кората. Доколку лимонот не е органски, тогаш оставете го во вода со сода бикарбона, а потоа добро измијте го под млаз ладна вода.

2.Излупете ја краставицата исто како лимонот и додајте ја заедно со лимонот во водата. Излупете го ѓумбирот, изрендајте го и додајте го во подготвената вода заедно со свежите листови од нане.

3.Оставете го напитокот во фрижидер да отстои преку ноќ, а започнете да го пиете следниот ден, следејќи го овој план на исхрана:

МЕНИ

Појадок – чаша зачинета вода и лесен појадок како што е: овесни снегулки со обезмастено млеко, малку семки од сончоглед или пак јадете овошје, а најдобар избор би бил ананасот (свеж, да не е од конзерва).

Ручек – чаша од зачинетата вода, риба по можност зготвена на пареа или варена во вода и салата од зеленчук. Вечера – чаша зачинета вода, риба, варен компир и боранија.

Како закуски, односно меѓуоброци, можете да јадете јогурт, бобинки, зеленчук и свежи овошни сокови, не купени.

Купечките сокови се преполни со шеќер и воопшто не се препорачуваат кога станува збор за здрава исхрана. Оваа диета треба да се одржува минимум четири дена за да има видливи промени во телото.

Напомена: пред примена на секоја диета, најдобро е да се советувате со вашиот лекар или нутриционист.