Пред две години Даниела Лукиќ се соочила со најтешка дијагноза, но со медицинскиот третман, здравата исхрана и суплементите успеала да ги надмине сите тегоби и лошиот исход.
“Враќакќи се од едно од моите патувања, забележав дека се чувствувам необично уморно. Ми се намали апетитот и општо не се чувствував добро, па одлучив следниот ден рано наутро да направам комплетна лабораторија.
Резултатите не ми беа добри, железото и хемоглобинот ми беа под сите граници. Итно ме префрлија да примам трансфузија на крв. Останав во Клиничкиот центар на Србија каде ми беа направени другите процедури.”
Набрзо на Даниела и била потврдена дијагнозата – канцер на дебело црево со метастази на црн дроб. Туморот бил локализиран на горниот дел од колонот, веднаш под црниот дроб и тоа било причина за недостиг на симптоми. Како што таа вели, немало промена во столицата, болки, ниту крвавење.
“Дијагнозата ме шокираше, ми се мешаа емоции. Меѓутоа, многу брзо после шокот, ми се јави некоја сила, умот ми се прочисти и одлучив да влезам во борба со болеста.
Мојата енергија без разлика на дијагнозата, ми беше доста силна. Дојде време себеси да си ги применам сите знаења кои со години наназад ги стекнував од алтернативната медицина.
Јас сум здравствен работник, хомеопат, тренер хипнотерапевт, се занимавам и со квантна медицина – истакнува Даниела. Операцијата во Клиничкиот центар траеше 6 часа и беше многу тешка. Ми беше отстранет туморот од дебелото црево како е делови од црниот дроб.
-Сепак, ми рекоа дека останало нешто на црниот дроб и дека ќе следи уште една операција. За среќа, таа операција никогаш не се оствари. Примив еден циклус хемотерапија и земав алтернативно сè што сметав дека е добро за мене.
На следниот скенер немаше ништо, ниедна метастаза на црниот дроб. Потполно чист наод – нагласува Даниела. Секако, била пресреќна. Кога излегла од болницата, одлучила дека нема да лежи. Нејзиниот избор биле сонце, тренинзи, здрава исхрана…
-Знаете, отсекогаш знаев дека лекот е во природата околу нас, но и во човековата природа. Мојот лек беа: билките, дрвјата, сонцето – тоа ми ја исполнуваше душата. Моќта е во нас. Ние одбираме што ќе биде со нас, а јас го одбрав животот – раскажува оваа храбра жена.
Како што таа тврди, користела неколку суплементи како вид на терапија, помеѓу другото и хомеопатски препарат од сина скорпија.
-Секојдневно пиев и комбинација од печурки: агарикус, шитаке, кордицепс, мајтаки и реиши со мед и големи дози на витамин Ц. Имунотерапијата е многу важна за да преживее организмот. Се намалува токсичноста од хемотерапијата и ви дава сила – потврдува госпоѓа Лукиќ.
Нејзината исхрана отсекогаш била како и денес, избалансирана. Го следам рН нивото на организмот и не дозволувам да ми се скисели.
-Белото брашно, простите шеќери и индустриската храна треба да се одбегнува. Црвеното месо треба да се исфрли од менито. Јадам многу сиров зеленчук, најчесто како салата. Брокула, карфиол, црвен кромид и лук ми се задолжителни на менито. Црвениот кромид е антиоксиданс, а лукот како антибиотик делува против воспаленија. Квалитетен мед и прополис користам декојдневно.
Од овошје јадам бобинки, цитруси и зелени јаболка, но водам сметка добро ги исперам со зеолит или со сода бикарбона, бидејќи за жал, многу се прскаат со пестициди. Повремено користам и прав од луцерка, бидејќи е чист хлорофил.