Лесна пита со модар патлиџан, повкусно од месо…најдобриот рецепт што сум го пробала…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г модар патлиџан, исечен на коцки
1 лажичка сол
залијте со топла вода и оставете 10-15 минути, па процедете

За тестото:
2 јајца
200 мл млеко или
200 г цврст јогурт или кисела павлака
3 лажици маслиново масло
1 лажичка сол
1 прстофат шеќер (по избор)
1 лажица сода бикарбона или (2 лажици прашок за печиво)
180 г сенаменско брашно
150 г рендан кашкавал

И уште:
30 гр путер
3 чешниња лук
1 кромид
1 црвена пиперка
сол, црн пипер
1 домат, излупен и исечкан

калап 30 или 32 см
намастен и посипан со
2 лажици гриз или пченкарно брашно
200 г фета/ситно сирење

ПОСТАПКА:

1.Изматете ги јајцата со сите наведени состојки, а најпосле додајте го брашното и изедначете да нема грутчиња. На крај додајте го ренданиот кашкавал и промешајте.

2.На растопен путер испржете го лукот, кромидот, патлиџаните, сечкана пиперка, а пред крајот додајте и сечкан домат. Динстајте додека сето да омекне и зачинете по вкус.

3.Половина од тестото распоредете во подготвената тепсија.

Распоредете го филот од зеленчук, посипете ситно сирење и одозгора распоредете го остатокот од тестото.

4.Печете 45 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Оставете да се олади па послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.