Рецепт и видео презентација на Мои Домашни рецепти – Лесен и вкусен колач со јаболка.
За сите љубители на есенскиот вкус на печени јаболка – убав и лесен колач. Најпрво се печат сечените парчиња јаболка кои го претставуваат едниот слој, а потоа се прелива со тестото за бисквитот и на крај се декорира со шлаг и ореви.
Потребни состојки: 7 јаболка, 3 супени лажици шеќер, 20 г путер, 4 јајца, 100 г шеќер, 100 мл масло, 100 мл млеко, 10 супени лажици брашно, 1 кафена лажичка цимет, 10 г прашок за печиво, 200 мл слатка павлака и ореви за декорација
Постапка: Јаболката измијте ги, излупете ги и исечете ги секоја на шест делови. Отстранете ги семките. Плех со димензии 25х30 см обложете го со хартија за печење, па започнете да ги редите парчињата јаболка едно до друго. Целото дно треба да биде покриено.
Одозгора врз јаболката рамномерно наросете 3 лажици шеќер и изрендајте 20 г путер (или растопете го во микробранова печка и испрскајте го одозгора). Вака приготвени јаболката ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 220 степени околу 25 минути. Во меѓувреме пригответе го тестото за колачот.
Во длабок сад за матење ставете 4 јајца и 100 г шеќер. Матете 5 минути додека да се растопи шеќерот и јајцата да побелат из гуснат. Потоа додадете 100 мл масло, 100 мл млеко, 10 лажици брашно, 1 лажичка цимет во прав и 1 кесичка прашок за печиво.
Промешајте со маталка или шпатула додека да се издначат состојките, а потоа смесата излејте ја врз печените јаболка. Протресете за да се изедначи рамнмерно и вратете во рерна да се изпече на 180 степени околу 25 минути.
Печениот колач оставете го решетка да се олади. Потоа превртете го врз чинија за послужување и отстранете ја хартијата, така што јаболката да дојдат од горната страна.
За декорација: Изматете 200 мл слатка павлака како шлаг и нанесете го врз колачот. Одозгора наросете сечкани ореви. Колачот пред послужување добро изладете го. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.