ЛЕПЧИЊА ОД РЕРНА: Најбрз и највкусен појадок…

Подгответе леб со јајца и чедар за појадок, кој може да се направи на многу практичен начин, а можете да го искористите и бајатиот леб ако ви останал од вчера. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
15 парчиња леб (бајат или свеж, но подобро е бајат)

За сос:
6 јајца
1/2 чајна чаша млеко (50 мл)
1/2 чајна чаша сончогледово масло (50 мл)
1 прстофат ситно сечкан магдонос
1 лажичка сол
1 лажичка црвен пипер во прав
1 мала чинија рендан кашкавал (чедар)
по желба кој сака може да додаде рендано или ситно сечкано зелено лукче
За посипување: уште малку рендан кашкавал

ПОСТАПКА:

1.Прво, исечете го лебот.

2.За сосот, во сад за матење ставете ги јајцата, млекото и маслото и убаво измешајте.

3.Додајте сол, црвен пипер во прав, ситно сечкан магдонос и ренданиот чедар и повторно измешајте.

4.Исечениот леб потопете го во сосот и наредете го на плех обложен со хартија за печење. Одозгора посипете уште малку рендан кашкавал.

5.Ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени додека да поруменат, приближно 20-25 минути.

Послужете ги топли со чаша јогурт или кисело млеко. Постапката погледнете ја ОВДЕ.