Фото и рецепт: Адрианина кујна

Лепчињата се одлични за секакви пригоди, меки се и вкусни, долго време остануваат свежи.

Потребни состојки:

300 мл млеко
½ коцка свеж квасец или 1 кесичка сув
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
100 мл вода
100 мл масло
600-700 г брашно

Постапка:

Издробете го квасецот во млака вода, додадете лажичка шеќер и малку брашно, па промешајте убаво да се раствори и да нема грутчиња и оставете 10-тина минути на топло да се активира.

Потоа додадете млако млеко, масло, сол, а брашното постепено додавајте го. Прво мешајте со лажица или жица, а кога тестото ќе згусне, продолжете со рака.

Кога ќе добиете средно меко тесто кое не се лепи, оставете го покриено да стасува 40 минути. Потоа премесете уште еднаш, па оставете го да одмори уште 15 минути.

Тестото поделете го на 12 еднакви делови и формирајте топчиња. Редете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете ги да стасуваат 20 минути.

Потоа премачкајте ги со јогурт претходно оставен на собна температура или малку загреан, да биде млак (да не е врел, ниту студен).

Одозгора наросете со сусам или семки по желба и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30-35 минути.

Фото и рецепт: Адрианина кујна