Рецепт и видео презентација на Јелена Петровиќ од Бабина кујна – лења пита со јаболка. Оваа лења пита е врв на врвовите, со малку поинаков состав од обично. Воздушеста е, мека, мирисна и има неодолив вкус. Сите ќе ви го бараат рецептот!
Сигурно во вашиот тефтер веќе имате запишано некој рецепт за лења пита или “мрзлива” пита како што би рекле по “нашки”, но можеби ќе се одлучите да го испробате и овој рецепт на Јелена кој е многу пофален од сите.
Потребни состојки: 2 јајца, 4 јаболка, 100 г шеќер, малку цимет, кора од лимон и сокот од половина лимон, 50 г гриз, 150 г брашно, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер, 50 мл масло, 100 г путер/маргарин
Постапка: Јаболката измијте ги добро, изупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Во подлабок сад изматете ги јајцата со миксер додека да станат пенасти и да побелат. Во изматените јајца додадете го брашното и прашокот за печиво.
Во смесата додадете и еден ванилин шеќер, маслото, растопениот и изладен маргарин, кора од рендан лимон и исцеден сок од половина лимон. Убаво измашајте ја смесата за да се изедначат состојките во еднолична смеса.
Во јаболката додадете цимет по желба, наросете ги одозгора и со малку шеќер. Количината на шеќерот зависи од слаткоста на самите јаболка и по личен вкус. Ако се слатки доволно ќе биде да додадете 2-3 лажици шеќер. Промешајте ги со лажица.
Половина од тестото рамномерно распоредете во калап за торти кој претхоно малку сте го намастиле и сте го обложиле со хартија за печење. Намастувањето е потребно за полесно да се залепи хартијата за калапот. Користете некој помал калап или тепсија со средна величина.
Врз првиот слој тесто рамномерно распоредете го целиот фил од јаболка. најдобро прво да го нанесувате со лажица врз целата површина, а потоа да го доставите и остатокот. Израмнете ја површината, па одозгора нанесете го остатокот од тестото. Рамномерно распоредете и израмнете.
Вака приготвената пита ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. На половина од печењето, значи некаде после 20 минути, намалете ја температурата на 180 степени и допечете ја питата до крај.
Кога ќе се подизлади, питата одозгора наросете ја со шеќер во прав, сечете ја коцки, баклави или на парчиња со големина по ваша желба и послужете ја. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.