Оваа лења пита е врв на врвовите, воздушеста е, мека, мирисна и има неодолив вкус. Филот од јаболка дава прекрасна арома, а комбинацијата со ровко тесто кое се топи во уcта е совршена. Постојат многу рецепти за лења или мрзлива пита, а некои ја сакаат блага, додека останатите ја сакаат солена. Овој десертен колач ќе ве воодушеви,  многу пофален од сите. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 250 г омекнат маргарин, 10 лажици шеќер, 200 мл вода, 2 лажици мед, 10 г прашок за печиво, 650 г меко брашно + за домесување. ЗА ФИЛОТ: 1,5 кг јаболка, 10 лажици шеќер, 1 лажица цимет или по вкус.




ПОСТАПКА ЗА ФИЛОТ: Излупете ги јаболката и изрендајте ги на крупната страна од рендето, па веднаш потоа префрлајте ги во тенџерето во кое ќе се динстаат. Во тенџерето со јаболка додајте 10 лажици шеќер, па ставете го на рингла, вклучена на средна температура и започнете со готвење и повремено промешување.




Гответе 5-10 минути, во зависност од тоа колку сок имаат јаболката, а потоа додајте цимет и тргнете го филот од оган да се излади. За да го подготвите тестото изматете го омекнатиот маргарин со шеќерот, додајте мед и повторно изедначете ги состојките.




Додајте ја водата и 300 г брашно помешано со прашок за печиво и сè измешајте со миксер. По соединување на смесата, додајте уште 300 г брашно и замесете го тестото со рака. Тестото треба да биде малку потврдо. На крајот додајте ги преостанатите 50 г брашно.




Не грижете се доколку тестото е лепливо, бидејќи такво треба да биде. Тестото се става на фолија, се завиткува и се става во фрижидер да отстои минимум на 1 час, можете и подолго. По изминатото време, извадете го од фрижидер, поделете го на два дела, па еден дел развлечете го со оклагија.




Развлеченото тесто префрлете го во намрсен плех и убаво прилепете го со прстите. Двете теста се развлекуваат со големина на плехот кој го користите за печење. Врз првото развлечено тесто во филот се нанесува целиот фил и се израмнува, а потоа се развлекува и второто тесто и се префрла преку филот.




Не грижете се доколку тестото ви се скине, само залепете го. Избоцкајте го второто тесто со виљушка, па вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Јас печев 40 минути, тоа време е приближно, можеби ќе ви требаат 45, во зависност од рерната.




Печената мрзлива пита со јаболка ја оставаме да се излади, па ја наросување со шеќер во прав, ја сечеме и послужуваме. Многу е вкусна, и се прави за кратко време, секој што ја пробал останал воодушевен од оваа пита. Деталите погледнете ги ОВДЕ.