Алергиите обично почнуваат со првите денови на пролетта и траат до средината на есента. На почетокот на пролетта најчести предизвикувачи на алергијата се полени од дрвјата леска, евла, бреза, врба.

Во април-мај најчести алергени се полените од цветовите на дабот, јасенот и брестот. Од средината на мај, па сè до крајот на октомври алергени се полените од трева, плевел, амброзија. Имено, како што се менува вегетацијата, така се менуваат и предизвикувачите на алергија.




Алергијата од поленов прав се манифестира преку симптоми како: кивање, течна секреција од носот, чешање или боц-кање во очите, носот или во грлото, зацрвенети очи, солзење на очите, темни кругови околу очите, кашлање.




Според велешкиот билкар Мартин Најдовски лекувањето на алергијата од полен се започнува отсега, во месец октомври и трае сè до март. Станува збор за еден вид на десензибилизација или како што се нарекува процесот за лекување во алергологијата, според специфичниот треман – хипосензибилизација.




Со постепено додавање на поленов прав во миниминални количини, организмот постепено се навикнува на алергенот, односно како што вели билкарот: „клин, со клин се из-бива“. Тој ова знаење го има наследено од неговата тетка, познатата билкарка од Велес, Лилјана Јовиќ Гроздина.




МЕТОД ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ПОЛЕНСКА АЛЕРГИЈА – Според билкарот Мартин Најдовски. „Клин со клин се из-бива“ рекле старите, и да, токму така, има преголема вистина во тоа. Кога нешто не можеме да поднесеме, а мораме, тогаш почнуваме малку по малку да се навикнуваме на ситуацијата за да можеме да се вкоплиме во моментот“, вели М.Најдовски.




„Алергиите се здодевна работа и речиси секоја втора личност има проблем со истите. Алергиите се јавуваат како резултат на опаднат имунитет, се развиваат како резултат на премногу ток-сини во нашиот организам, се случува поре-метување и на нашиот организам почнува да му пречат многу работи.




Алергијата на полен е најразвиена и најзастапена, речиси секој ја има, кај некои луѓе се карактеризира со умерени симптоми, додека кај некои луѓе последиците се посериозни. Како се лекува алергијата на полен?

Се лекува така што секојдневно ќе му даваме полен на организмот, малку по малку, за да може да се навикне и напролет кога билките и дрвјата ќе процветаат, организмот да може да го препознае поленот и да нема никакви последици..Овој метод е многу стар метод на лекување со кој многу луѓе си го решиле својот проблем.




ШЕМА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ПОЛЕНСКА АЛЕРГИЈА. Поленот може да се размати во лажиче мед, во чаша со вода, или така да се испие како апче со малку вода. Се започнува со овој третман од почетокот на месец октомври и трае со до месец март.

Првата недела од октомври се започнува со земање на поленови зрна секојдневно по 2 до 3 зрна, 1 дневно. Втората недела се зема 4 зрна полен, 1 дневно. Третата недела се зема 5 зрна полен, 1 дневно. Четвртата недела се зема 6 зрна полен, 1 дневно.




Првата недела од ноември се зема 7 зрна, 1 дневно. Втората недела се зема 8 до 9 зрна полен, 1 дневно. Третата недела се зема 10 зрна, 1 дневно. Четвртата недела се зема 15 зрна полен, 1 дневно.

Првата недела од декември се зема пола кафено лажиче зрна, 1 дневно Втората недела се зема малку повеќе од половина кафено лажиче зрна, 1 дневно. Третата недела се зема малку повеќе од предходната недела поленови зрна, 1 дневно. Четвртата недела се зема 1 кафено лажиче рамно, 1 дневно.




Јануари, февруари и март сите недели се зема по 1 кафено лажиче поленови зрна, 1 дневно. Со ова засекогаш ќе го решите вашиот проблем со алергиите на полен. Сакам да напоменам многу важно дека ќе се појават алергиски реакции како што се кивање, течење на нос, стегање во гра-дите или слично.

Кај оние со сериозни проблеми со алергии, би ве замолил да не експериментирате, бидејќи ако вашата состојба е премногу л оша, може да си направите само уште поло-шо“, советува билкарот и напоменува, секој претходно да се советува со својот лекар, па додава:




„Овој метод на лекување е наменет за оние луѓе кои немаат толку многу силни проблеми, но кои сепак сакаат да ги решат. Не експериментирајте ако не сте сигурни. Организмот ќе се навикне на поленот и секое пролетно време поленот ќе биде препознаен, а потоа ќе се осло-бодите засекогаш од овој здодевен проблем.

Мојата тетка вака ги лекуваше нејзините па-циенти, со огромни успеси“, заклучува билкарот Мартин Најдовски. За повеќе информации посетете ја неговата фан страница Лилма.