Истражувањата покажуваат дека времето поминато меѓу цвеќиња или дрва кои ги мирисате, негувате и гледате како растат, го разубавува и продолжува животот.
Дали знаевте дека само половина час дневно поминато во „дружење“ со билки, го намалува стресот, ги активира мускулите, го опушта мозокот и спречува напади на анксиозност? Истражувањата покажуваат дека времето „потрошено“ на свеж воздух, меѓу цвеќиња и дрвја, кои ги мирисате, негувате и гледате како растат, го разубавува и продолжува животот.
Што ни овозможува престојот во царството на билките?
Среќата е бесплатна
Докажано е дека луѓето се чувствуваат подобро и посреќно доколку повеќе време минуваат во дружење со природата. А тоа значи – било каде. Во блискиот парк, во шума, покрај вода… Уште поголем ефект се постигнува доколку засадите некоја билка, па секој ден имате нешто работа околу неа. Ја полевате, кинете непотребни ливчиња, гледате како расте.. Повеќе немате изговори дека среќата скапо чини, таа е бесплатна.
Го чува срцето
Времето поминато во градината, на свеж воздух, подразбира движење и медитација, две работи кои се неопходни за да се чувствувате здраво. Тоа несомнено го елиминира стресот, што значи дека го чува срцето и го штити од ненадејни удари.
Ги „вежба“ мозочните клетки
Истражувањата покажуваат дека дури и грижата околу две саксии цвеќе може позитивно да делува врз организмот и да ги ублажи симптомите на Алцхајмер, бидејќи особата мора сама да се активира околу садењето, полевањето и плевењето или отстранувањето на сувите ливчиња и цветови.