На сите ни е познато дека премногу сол не е добро за човековото здравје. Сепак, во одредени случаи солта делува како лек. Облогата приготвена од сол ја апсорбира вишокот влага од организмот и го олеснува д ишењето, а помага и кај астма и кај силна, упорна кашлица.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг морска сол, памучна вреќа (може и навлака од перница или нешто слично). ПОСТАПКА: Со морската сол наполнете ја памучната вреќа и цврсто врзете ја. Навечер пред да си легнете на спиете, ставете ја вака наполнетата вреќа со сол под вашиот граден кош или на грбот (во зависност од положбата на спиење). Користете додека да поминат тегобите. Користете ја и следната облога:




ОБЛОГА ЗА БЕЛИ ДРОБОВИ СО СВИНСКА МАСТ ИСПРАНА ВО 9 ВОДИ – ЗА ЕДНА НОЌ КАШЛИЦАТА ПОМИНУВА

Без разлика дали ја користите во исхраната или не, свинската маст е една лековита намирница која уште многу одамна се користи во лековити цели. Богата е со киселините – олеинска, стеаринска, линилна и миристинска киселина кои заедно го штитат срцето и кардиоваскуларниот систем, а исто така, го јакнат и имунитетот на луѓето.




Што значи тоа „да се испере во 9 води”? Верувале или не во народните лекови, ако истите немаа ефект досега за нив немаше да се знае и ќе беа заборавени. За изразот „свинска маст во 9 води” сигурно сте слушнале многупати во животот.




Кога се користи во лековити цели, маста мора да се испере девет пати, во девет води, за да може од неа да излезат сите нечистотии кои се насобираат во процесот на нејзиното топење. Како се пере свинската маст?




Свинската маст ставете ја во длабок сад и прелијте ка со многу млака вода речиси накај ладна. Мешајте енергично со помош на лажица или жица за матење, исто како да правите смеса за колачиња.




После неколку минути истурете ја таа вода, налијте повторно нова, чиста вода и повторете ја целата постапка. Секојпат истурајте ја “валканата” вода, колку и да ви се чини дека таа е чиста и налевајте нова вода. Ова повторувајте го девет пати.




ОБЛОГИ од свинска маст за бели дробови и против кашлица

Болестите на белите дробови и бронхијалните воспаленија некогаш ги лекувале токму со свинска маст од која се правеле облоги. За овој народен лек ќе ви бидат потребни следните состојки: комова ра-кија, лоза или домашна од грозје (на собна температура), една чинија испрана свинска маст, памучна крпа и пешкир.




Со прстите зафатете ја маста и намачкајте го градниот кош во пределот на белите дробови. Улогата на маста во овој случај е да ја заштити кожата од силното дејство на облогата која би можела да предизвика силен јадеж и иритација.




Крпата превиткајте ја на четири делови – на половина, па уште еднаш на половина. Директно од шишето истурете од раки-јата во дланката на крпата и рамномерно натопувајте ја крпата. Потоа, нанесете ја ваа натопената облога врз намастениот гра-ден кош и нежно со дланките притиснете и фиксирајте за кожата.




Преспијте ја ноќта со облогата врз г радите, а искуствата велат дека веќе уште следниот ден се чувствува подобрување. Народната терапија се применува секоја вечер, пред спиење, а кашлицата брзо ќе помине, веќе после 5 облоги. За било какви симптоми и тегоби, секако претходно треба да се посоветувате со вашиот лекар.