Бројот на лицата кои се борат со анксиозност е во пораст и оваа ментална состојба повеќе не би требало да се игнорира. Па уште и доколку секојдневно имаме главоболки – лавандата е она што би можело да ги поврзе двете состојби и да го реши проблемот.
Лавандата е род на цветни растенија кој опфаќа 47 видови, а спаѓа во семејството Lamiaceae. Таа е типична медитеранска билка, но се одгледува и на повеќе места во Северна Америка, Азија и источна Африка.
Лавандата се користи во козметички и медицински цели со децении. Меѓу многуте придобивки, лавандата има антибактериско, антифугално и антидепресивно дејство. Често се користи во борбата против несоницата и стомачните проблеми.
Маслото од лаванда е достапно во сите аптеки, како и во продавниците за здрава храна, но кога купувате, проверете дали на пакувањето пишува дека се користи за терапевтски цели или е неразреден производ. Запомнете дека маслото од лаванда треба да го избегнуваат трудници и доилки.
Лавандата е уникатно растение со прекрасна и интензивна виолетова боја, интензивен пријатен мирис, а има и одличен вкус и некои лековити карактеристики. Така, различните видови се користат како украсно цвеќе, во фармаколошката индустрија (најчесто за разни креми, ароматизирачки производи, парфеми), се користат и како чаеви, во форма на зачини, а од цветовите на лавандата, преку посебни процеси на дестилација се извлекува и есенцијално масло.
Маслото од лаванда содржи богат и комплексен микс на моќни антивоспалителни и антиоксидативни агенси како линалолот и линаил ацетатот. Но, присутни се и гераниол, еукалиптол, цинеол, борнеол, камфор, терпинеол, кумарин итн. Бенефитите од лавандата се должат на овие компоненти.
Француското масло од лаванда се смета за најквалитетно. Вреди да се спомене и дека цветовите на лавандата се особено богати со нектар, па пчелите со нивна помош прават висококвалитетен мед. Научните истражувања на оваа популарна билка даваат податоци кои покажуваат одредени лековити дејства врз организмот.
Лавандата ги прави кожата и косата поздрави
Можеби најчестата примена на лавандата е во однос на здравјето на кожата. Нанесувањето масло од лаванда на кожата, може да помогне во третирањето на заболувањето наречено алопеција, што предизвикува кружно опаѓање на косата.
Маслото од лаванда се покажало како успешно и во справувањето со некои други кожни заболувања и состојби, како што се акните, изгорениците од сонце, иритациите од пелените кај бебињата, но и дерматитис. Најдобро дејство покажала кремата која е комбинација од лаванда и камилица. Ваквиот ефекет на есенцијалното масло од лаванда се должи на високата содржина на силни антивоспалителни и антибактериски компоненти.
Дополнително, поради антивоспалителните и антибактериски својства, маслото од лаванда е од особена помош и за побрзо заздравување на раните на кожата, за намалување на болките и различните иритации од нив. Особена корист на маслото од лаванда е утврдено и при различните кожни инфекции, така што лавандата има и антифугално дејство.
Лавандата овозможува подобар сон
Во минатото, лавандата се препорачувала за луѓето кои страдаат од несоница и проблеми со спиењето. Денес, повеќе истражувања го докажуваат смирувачкиот ефект на лавандата кој придонесува за подобар сон.
Корисна билка за подобрување на нарушувањата во расположението
Лавандата низ историјата често се употребувала и за ароматерапијата. Некои студии покажуваат дека некои од компонентите на оваа билка имаат моќно стимулирачко дејство на одредени делови од мозокот и влијаат на пренесувањето на мозочните импулси, на начин кој предизвикува смирувачки ефект.
Помага во ублажување на менструалните и стомачните тегоби
Болките во долниот дел на стомакот во менструалниот период се многу чест проблем за голем дел од женската популација. Одредени студии покажуваат ефективност на лавандата во намалувањето на овие болки.
Намалување на главоболките
Есенцијалното масло од лаванда е едно од најдобрите кога станува збор за главоболки. Според повеќе студии, луѓето кои страдаат од мигрена, маслото од лаванда делува значително на намалувањето на болките, односно маслото поседува одредено седативно дејство. За уште подобро дејство, се препорачува комбинацијата од масло од нане и лаванда.
Лавандата е единствена билка по тоа што секој дел од растението – пупката, стеблото и листот се јадливи и може да се користат при готвење. Додека цвеќињата и лисјата од лаванда може да се користат свежи, пупките и стеблата е најдобро да се исушат пред користење.
Бидејќи вкусот на лавандата се интензивира кога билката се суши, исушените пупки треба да се користат ретко. Со оглед на силниот и потенцијално поларизирачки вкус на оваа билка, најдобро е да додавате мали количини. Прекумерната употреба на лаванда може да резултира со горчлив вкус што може да ве натера да мислите дека јадете парфем.
Вкусовите на лавандата добро се спојуваат со билки како оригано, рузмарин, мајчина душица, жалфија и во некои солени јадења. Како по правило, лавандата може да се користи слично на свежиот рузмарин, во рецепти како маринади од месо.
Цветовите од лаванда исто така прават прекрасен гарнир за салати, десерти и многу други специјалитети. Ставете свежи листови од лаванда во салата за да додадете совршена декорација на салатата.
Како да користите масло од лаванда:
Еден од најдобрите начини да се искористи маслото од лаванда против болни зглобови е да додадете 6 капки во кадата. Топлата вода во комбинација со есенцијалното масло ќе ви помогнат да се опуштите и целата болка ќе исчезне. Може да правите инхалација и со истурање на две лажици суво цвеќе од лаванда во топла вода.
Сепак, убедливо највкусниот начин да се користи масло од лаванда е ако направите лимонада со лаванда:
Потребни состојки: 3/4 чаша мед или шеќер, 7 чаши вода, 2 супени лажици цветови лаванда, сок од 4 лимони.
Подготовка: Во тенџере ставете го медот или шеќерот, а потоа додајте 5 чаши вода во тенџерето и ставете го на рингла. Додајте ја и сувата лаванда и промешајте. Почекајте напитокот да зоврие, за што ќе е потребно повеќе време, а потоа гответе уште 2 – 3 минути.
Тргнете го тенџерето од оган и оставете го малку да се подизлади топлиот напиток. Во меѓувреме процедете го сокот од лимоните, ставете го во бокал и разредете со преостанатите чаши вода. Кога ќе се излади напитокот со лаванда, додајте го во бокалот со лимонада и чувајте го во фрижидер додека да се излади.
Пред да започнете со користење на лаванда, проверете дали е таа претходно прскана со пестициди, а доколку имате некакви заболувања консултирајте се со вашиот лекар пред употреба.
Маслото од лаванда може да предизвика нуспојави доколку се консумира во голема количина, како: дијареа, запек, гадење или повраќање.