Овој рецепт го доби мајка ми од еден лекар зошто бев многу болежлива и ништо не ми помагаше. Откога почнав да го јадам, “да чукнам во дрво” не сум се разболела, а претходно постојано бев болна.
Ова е лек за подобрување на општата здравствена состојба, мене многу ми помогна, па можеби ќе му помогне и на некој друг. Сите состојки се купуваат од супермаркет или од продавница за здрава храна, само внимавајте на рокот да не бидат оксидирани.
Јас секогаш пробувам по малку пред да ги купам и ги мирисам јатките за да оценам дали се свежи. На почетокот ми го правеше мајка ми, а сега сама си го правам зошто многу ми помага.
Освен што е лековита, оваа смеса е многу вкусна, затоа не претерувајте, консумирајте ја како лек, а не како торта.
Потребни состојки:
100 г кикирики
100 г ореви
100 г бадеми
100 г лешници
100 г сусам
100 г кокосово брашно
100 г сончогледови семки
100 г семки од тиква
100 г ленено семе
100 г суво згозје
100 г суви смокви
100 г суви сливи
100 г суви кајсии
2 бразилски ореви
2 лимони – сок
1 кг ливадски мед природен и кристализиран како карамел (само природните кристализираат на ваков начин, не-шеќердосан)
Постапка:
Сите јатки смелете ги во блендер или замолете од таму кадешто ќе ги купите да ви ги смелат, но само доколку веднаш го приготвите лекот. Јас така правам, ама веднаш штом ќе дојдам дома го приготвувам.
Потоа, ставајте 3 см од смесата, па прелијте со малку лимон и додадете малку мед, па вака повторувајте во новоа. Ако ги измешате сите состојки во голем сад, многу тешко е за мешање, па затоа ова ми е многу поедноставно, а сепак ефикасно.
Јас смесата ја приготвувам во голема тегла за зимница, а потоа си вадам во помали теглички за полесно чување во фрижидер.
Вие одберете на кој начин начин сакате, на тој приготвувајте го, важно е сите состојки да се содржани и измешани.
Се користи во континуитет од 2-3 месеци, секое утро по една супена лажица пред појадок. Мора да се одбегнува газирани пијалаци, кафе, а сè друго е дозволено во умерени граници.