Секој од нас понекогаш има запек. Тоа не е причина за паника бидејќи зад појавата на запек најверојатно ретко стои некоја сериозна болест. Секако се работи за непријатно искуство кое е поврзано со квалитетот на живеење на оние кои се соочуваат често со овој проблем.
Кога запекот преминува во хроничен проблем, тогаш може во потполност да го промени секојдневниот начин на живот на личноста. Имено, луѓето со хроничен запек честопати доживуваат: постојана потреба за тоалет, иако не можат да ја извршат физиолошката функција, чувство на срам, исрпеност, дехидрираност..
I РЕЦЕПТ: Лек за запек (опстипација): Во чаша млеко ставете малку јаболкова киселина: Ниедно апче нема побрзо и подобро да ви помогне.
Ако ви е потребно брзо и лесно решение против запек и за забрзување на метаболизмот, ова е одличното решение. Обично се применува кога 2, 3 или повеќе дена не се испразниле цревата, па потребно е итно да се испровоцира перисталтиката и да се придвижат цревата.
Потребни состојки: ½ чаша свежо млеко, 2 лажици јаболкова киселина, 2 лажици топла вода.
Постапка: Измешајте две лажици јаболкова киселина со две лажици топла вода. Оваа смеса додајте ја во половина чаша свежо млеко. Се пие наутро на празен стомак и се повторува се додека имате потреба за тоа. Оние што се интолерантни на млеко, едноставно нека се напијат топла вода во која претходно додале лажица јаболкова киселина.
Јаболковата киселина не само што ќе ви помогне против запекот, туку во целост ќе го подобри и вашиот метаболизам. А тоа секако, ќе помогне и да се ослободите од ви-шокот к илограми.
Ова овошје треба да се јаде секој ден пред да појадувате, ручате или вечерате. Јадењето на едно јаболко во денот помага да останете здрави, а три можат да ви помогнат да ги изгубите ви-шокот к илограми. Со држењето диета со јаболка, секоја седмица, вашето тело ќе биде полесно за по еден к илограм.
II Рецепт: Додајте го овој зачин во сокот од јаболко, за неколку дена целата облека ќе ви биде мала, а делува и како природен лаксатив
Повеќето луѓе кои го пробале овој сок се задоволни со резултатите, но една жена одлучила јавно да го открие своето искуство и точниот рецепт кој го користела, бидејќи за еден месец осла-бела и „се препо-ловила.“
Потребни состојки: 240 мл превриена/дестилирана/изворска вода, 1 лажица чист сок од јаболко, 1 лажичка чили во прав, 1 лимон непрскан (сок и кора), доколку е купечки убаво истретирајте го со сода бикарбона.
Постапка: Излупете го лимонот и преку кората прелијте зовриена вода. После 10 минути додајте го сокот од лимон, сокот од јаболко и чили во прав. Пред секоја голтка добро промешајте и пијте пред секој оброк.
Како делува овој напиток:
Познато е и научно е докажано дека лутата пиперка го забрзува метаболизмот и на тој начин се стимулира согорувањето на мастите во телото. Поради капсаицинот кој го содржат чили пиперките, доаѓа до стимулирање на нервниот систем, телото се загрева и на тој начин повеќе се согоруваат калориите.
Поликосанолот од кората на лимонот помага во согорувањето на салото, а својствата на лимоновиот сок за метаболизмот се познати, додека сокот од јаболко помага во разложување на мастите во организмот.
III Рецепт: Сок од јаболко и морков
Потребни состојки: 3 кг излупени јаболка, 1 кг моркови, 1 кг шеќер, 10 л вода.
Постапка: Исечете го исчистениот морков и ставете го во тенџере, ставете вода, така што водата ќе го покрие морковот. Поклопете и варете додека да омекне. Некаде на половина од готвењето започнете да ги подготвувате јаболката. Излупете ги и ставете ги во поголемо тенџере.
Додека морковот е полуварен, ставете го во тенџерето со јаболка, бидејќи на нив им е потребно помалку време за готвење. Додајте ја и водата во која се варел морковот. Гответе додека да омекнат и оставете да се излади. Процедете ги јаболката и морковот и па сомелете ги заедно во блендер додека да добиете кашеста смеса. По потреба додајте од течноста во која се вареа.
Преостаната течност прелијте ја во некое поголемо тенџере, додајте ја кашата од измешаните јаболка и моркови, додајте 10 л вода и 1 кг шеќер, па вратете го садот на шпоретот и оставете да зоврие.
Откога ќе зоврие, варете уште 15 минути, отстранувајќи ја пената. Потоа тргнете го садот од оган и претурете во загреани стаклени шишиња и веднаш затворете со оригиналниот затворач. Наредете ги шишињата во кутија и завиткајте ги во ќебе. Кога целосно се излади сокот, префрлете го и чувајте го на поладно место. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска