Ревматични заболувања – како се манифестираат?
Ревматските болести се манифестираат преку промени во скелетно-мускулниот систем и најчесто имаат непозната етиологија. Симптомите кои се јавуваат најчесто се болка и ограничено движење во зафатениот зглоб. Ревматските болести се поделени на:
-Дегенеративен ревматизам
Доаѓа до деструкција на зглобната ‘рскавица на зафатениот зглоб или на ‘рскавицата од интерверебралниот диск. Најчесто се јавува на колкот (coxarthrosa), на коленото (gonarthrosa), на рамењата (ommarthrosa), нешто поретко ги зафаќа стапалата и дланките, а на ‘рбетниот столб – spondylosa.
-Воспалителен ревматизам
Сите болести каде патолошкиот процес е воспалителна промена. Најчестите болести се: Ревматоиден артритис, ревматска треска, анкилозантен спондилитис.
-Метаболички болести на зглобовите и коските
настануваат поради промена во метаболизмот, најчестите болести се остеопороза и гихт.
-Вонзглобен ревматизам
Промените се случуваат не во зглобот, туку во неговата околина, пример, тетивите, мускулите, зглобна мембрана.
Рецепт: Мартин Најдовски
За читателите на НМД билкарот Најдовски денес сподели еден многу ефикасен рецепт за лекување на реума и гихт. Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.
Лек за реума
Одличен рецепт за лечење реума (исто така доста помага за гихт)
Потребни состојки:
200 грама домашен селски сапун
200 мл ракија комова
200 грама домат без семки
Постапка:
Сапунот се ренда, му се додаваат доматот и ракијата, па заедно се миксаат додека да се добие кашеста смеса. Со овој мевлем се масира болното место 2-3 пати во текот на денот.
Се чува во соодветен сад, во фрижидер.