Човековото срце е неверојатно издржлив о рган. Во просек на еден човечки живот се случуваат милијарди отчукувања. Но сепак како и другите делови на телото и срцето е изложено на оште тувања.

Срцевите заболувања се разликуваат според природата и сериозноста. Можат да бидат минливи или хронични, постепени или ненадејни, тегобни или см ртоносни. Некои облици на срцеви заболувања тесно побрзани со прехранбените и други животни навики, можат да се спречат. Другите се последица на генетски фактор, инфекции или други ризик фактори надвор од нашата контрола.




Под болести на срцето се подразбираат повеќе различни поре метувања и заболувања. За нивно успешно лекување, неопходно е познавањето на симптомите и начинот на лекување. Точната дијагноза ја поставува лекар и тој ја одредува терапијата. Пред да започнете со каква било терапија на своја рака, безразлика дали е со лековити билки потребно е претходно да се кон султирате со лекар.




Помодрување на прстите при срцева болест – природен лек. Потребни состојки: 50 г линцура, 50 г коњско опавче, 50 г ајдучка трева, 80 г здравец, 80 г коприва, 80 г шишарки од хмељ, 30 г валеријана.




Постапка: 2 лажици од билките се става во 500 мл зовриена вода, да вријат 5 минути. Се пие по 100 мл пред јадење, 4 пати во текот на денот. Навечер се прави бања од по 20 минути од 2 грозда трини (отпадоци од сено) во 2,5 литри зовриена вода. Се остава да врие 20 минути, а откога малку ќе подизлади се ставаат прстите да отстојат 15 минути, а потоа се мачкаат со смеса приготвена од мед и пченкарно брашно во еднаков сооднос.




За тромбоза и подобра циркулација. Постапка: Земете 40 г семе од ким, 30 г корен од валеријана, цвет од глог и 20 г лист од маточина и бела имела. Сè добро измешајте, па од мешавината земете 3 лажици кои треба да ги ставите во 750 мл вода.




Се остава да отстои преку ноќ, а утредента сè се вари до вриење, потоа се процедува и се пие во голтки, често во текот на денот. Оваа количина е доволна за еден ден. Се користи против стеснување на кр-вните садови.




Уште еден народен рецепт за тромбоза: Во рерна испечете главица кромид и изедете ја пред јадење со неколку капки масло. Истото повторете го и пред спиење. Терапијата треба да трае што подолго.

За срцева слабост. Потребни состојки: 100 г здравец, 100 г коприва, 50 г маточина, 50 г лаванда, 50 г валеријана, 40 г исландски лишај, 20 г момина солза, 60 г лист од бреза.

Постапка: 2 лажици од билките се ставаат во 400 мл зовриена вода и се остава да вари уште 5 минути. Се пие по 100 мл пред јадење, трипати во текот на денот. По јадење се земе по 1 супена лажица мед и 1 кафена лажица поленов прав.




За градна б олка се препорачува користење на стебло од пелин. Слаткиот пелин содржи етерично масло, органски киселини, сесквитерпеноиди, тритерпеноиди, стероиди, алкалоиди, фенолкарбонова киселина, кумарини, флавоноиди, витамини Б2, Ц и К.




Екстрактот од слаткиот пелин го инхибира растот и делбата на клетките на р акот и превентивно спречува мета стази. Слаткиот пелин има способност во превенција и лекување на многу видови на р ак, вклучувајќи м еланом, леукемија, рак на дој-ка, рак на дебелото црево, рак на јајниците, к анцер на бубрезите, т умори на ЦНС и други видови на рак. Слаткиот пелин има антивирусни својства против многу вирусни инфекции вклучувајќи инфлуенца А.




Потребно ви е 200 г од оваа лековита билка. Начин на употреба: 1 лажичка пелин се прелива во 300 мл врела вода. Се пие по 50 мл, двапати во текот на денот, пред јадење наутро и попладне. Следниот месец се пие само наутро. Попладне и навечер по јадење се пие каде од 1 лажичка печен уров (Vicia sativa) и една лажичка печен p’ж (Secale cereale).




УРОВОТ е мешункасто растение кое главно се користи како сточна храна. Меѓутоа, ова растение е многу хранливо и корисно и за луѓето. Ова е мeшункасто растение од подвид на граор, пченица, р’ж, јачмен и леблебија. Изобилува со минерали особено калиум, калциум, магнезиум, а од витамини содржи витамин Е, А и Д.

Посебно се препорачува за луѓе со ослабната мускулатура или б олки во ‘рбетот, грбот и вратот. Во комбинација со печен р’ж се користи за намалување на маснотиите во кр-вта и регулирање на целиот липиден статус. Помага при хемороиди, го зајакнува имунитетот и срцевиот мускул.

Потребни состојки: 200 г печен уров, 200 г печен ‘рж. Постапка: Во сува тава пропржете ги семињата, па откако ќе изладат сомелете ги во прав, а мешавината складирајте ја во стаклена тегла.

Се приготвува на следниот начин: Една супена лажица од мешавината се натопува одвечер во чаша вода, а наутро на празен стомак се пие. Обидете се овој напиток да го пиете незаследен, на гладно. Се пие во текот на 10 дена секое утро, непрекинато. Овој напиток го зајакнува срцевиот мускул, ја поттикнува менталната и физичката активност на целиот организам.

При прескокнување на срцето. Потребни состојки: 60 г невен, 40 г валеријана, 50 г анамска рака (уште се нарекува и орлови нокти), 60 г нане, 50 г бел слез, 40 г ајдучка трева, 40 г лист од јаглика.

Постапка: 2 лажици од билките се ставаат во 500 мл зовриена вода и се остава да врие уште 5 минути. Се пие по 100 мл пред јадење, 3 – 4 пати во текот на денот. Или со истиот начин на подготвување може да се направи мешавина од 50 г цвет и плод од глог, маточина, босилек, лазарка, анасон и валеријана.

НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.

Фото: Јутјуб принтскрин