Лекарите велат: Млад си, колку што ти се млади крвните садови”.
-Ова е стар рецепт од книгата „Пелагица” и според пишаниот рецепт се приготвува вака: 1,2 литар вода се зоврива, па се тргна од огнот и се остава да излади.
За тоа време се чистат точно 40 чешниња лук и се мијат 3 непрскани лимони. Лукот се гмечи а лимонот се сечка на коцки заедно со кората (семките се вадат).
Лукот и лимонот се додаваат во водата, па повторно се остава да се загрее до пред зовривање. Веднаш се трга на страна и се остава поклопено да преноќи.
Наутро се процедува, а течноста се складира во стаклено шише. Се добива точно еден литар.
Употреба: се пие наутро по една ракиена чаша додека целата количина да се потроши. После десет дена пауза кој сака може да ја повтори постапката.
Ги чисти крвните садови и го намалува холестеролот и триглицеридите – тоа лично го проверив, вели Лила Ланго.
-Овој ваш рецепт мојата снаа му го приготвуваше на брат ми, а докторката не можеше да верува дека му се намалиле маснотиите, ви благодарам – ја потврдува ефикасноста Аида Џидиќ
Рецепт за еликсир на младоста според Луна
-Јас го користам еднаш годишно овој еликсир на младоста, а може да се користи и 2-3 пати.
Еликсирот е добар за подмладување на организмот, чистење на крвните садови особено ако тие се затнати од плаки, за регулирање на холестеролот и крвниот притисок, вели Луна.
Рецептот е едноставен и се приготвува од природни намирници.
Потребни состојки:
1 кг лимон
300 г лук исчистен
1,5 литар вода
Постапка:
Водата се става на оган да зоврие, па се намалува огнот на тивко. Во водата се додаваат сомелени лук и лимон со кора (исчистен од семките) и на тивок оган се вари 15 минути.
Потоа се трга на страна да излади. Се складира во стаклена тегла и се чува во фрижидер.
Употреба: 25 мл наутро, 25 мл навечер, во текот на 25 денови. Се прави пауза од 10 дена, па ја повторува постапката додека да се искористи целата количина. Деталите можете да ги погледнете во видеото: