Без разлика дали ја користите во исхраната или не, свинската маст е една лековита намирница која уште многу одамна се користи во лековити цели. Богата е со киселините – олеинска, стеаринска, линилна и миристинска киселина кои заедно го штитат срцето и кардиоваскуларниот систем, а исто така, го јакнат и имунитетот на луѓето.

Што значи тоа “да се испере во 9 води”? Верувале или не во народните лекови, ако истите немаа ефект досега за нив немаше да се знае и ќе беа заборавени. За изразот “свинска маст во 9 води” сигурно сте слушнале многупати во животот.

Кога се користи во лековити цели, маста мора да се испере девет пати, во девет води, за да може од неа да излезат сите нечистотии кои се насобираат во процесот на нејзиното топење. Како се пере свинската маст?

Свинската маст ставете ја во длабок сад и прелијте ка со многу млака вода речиси накај ладна. Мешајте енергично со помош на лажица или жица за матење, исто како да правите смеса за колачиња.

После неколку минути истурете ја таа вода, налијте повторно нова, чиста вода и повторете ја целата постапка. Секојпат истурајте ја “валканата” вода, колку и да ви се чини дека таа е чиста и налевајте нова вода. Ова повторувајте го девет пати.

ОБЛОГИ од свинска маст за бели дробови и против кашлица

Болестите на белите дробови и бронхијалните воспаленија некогаш ги лекувале токму со свинска маст од која се правеле облоги. За овој народен лек ќе ви бидат потребни следните состојки: комова ра-кија, лоза или домашна од грозје (на собна температура), една чинија испрана свинска маст, памучна крпа и пешкир.

Со прстите зафатете ја маста и намачкајте го градниот кош во пределот на белите дробови. Улогата на маста во овој случај е да ја заштити кожата од силното дејство на облогата која би можела да предизвика силен јадеж и иритација.

Крпата превиткајте ја на четири делови – на половина, па уште еднаш на половина. Директно од шишето истурете од раки-јата во дланката на крпата и рамномерно натопувајте ја крпата. Потоа, нанесете ја ваа натопената облога врз намастениот гра-ден кош и нежно со дланките притиснете и фиксирајте за кожата.

Преспијте ја ноќта со облогата врз градите, а искуствата велат дека веќе уште следниот ден се чувствува подобрување. Народната терапија се применува секоја вечер, пред спиење, а кашлицата брзо ќе помине, веќе после 5 облоги. За било какви симптоми и тегоби, секако претходно треба да се посоветувате со вашиот лекар.

ТРЕТМАН ЗА ТВРДА КОЖА НА ПЕТИТЕ ОД СТАПАЛАТА

КВАСЕЦОТ во комбинација со свинска маст исто така благопријатно делува врз кожата и може да се користи кај проблеми со тврда и рапава кожа. Ова е исто така стар рецепт кој се применува за омекнување на тврдите пети од стапалата.

Квасецот има својство длабински и да ја обновува и смирува сувата, оштетена, воспалена и рапава кожа на стапалата. Во комбинација со свонската маст се добива едно одлично природно средство чии резултати се видливи за само еден ден. Еве како се приготвува.

Потребни состојки: една коцка свеж квасец од 40 г и 2 супени лажици свинска маст. Ако квасецот ви бил замрзнат, оставете го на собна температура да се одмрзне, па со раце издробете го во еден сад. Додајте ја свнската маст и енергично матете додека да добиете еднолична смеса.

Оваа смеса нанесете ја во дебел слој врз петите, а потоа обложете ја облогата со кеса или проѕирна фолија, па облечете памучни чорапи. Оставете ја облогата да делува преку цела ноќ. Следниот ден петите добро исперете ги со топла вода и течен сапун, избришее ги и намачкајте ги со хранлив крем. Постапката повторувајте ја додека имате потреба за тоа.