Фотографија и рецепт на Нихада Алибеговиќ. Семето од коприва одамна се користи како лек, а неговата најдобра комбинација е медот.
СЕМЕТО ОД КОМПРИВА КАКО ЛЕК: За јакнење на имунитетот, лекување на анемија и недостиг на железо, лекување на уринарни инфекции, лекување на настинки и против алергиски реакции; има диретично дество и поттикнува исфрлање на вишок вода од организмот, а се користи и против ноќно мокрење.
Потоа, делува благотворно на ендокриниот систем (штитна жлезда); ги јакне забите и коските; лекува кашлица; лекува жолтица; го чисти црниот дроб и крвта; лекува ревма и артритис; заболена простата и смирување на астма и воспаление на бели дробови.
Анемијата е заболување кое настанува поради дефицит на железо во организмот. Семето од коприва е богато со витамини и минерали како и други хранливи супстанции кои се природен лек за анемија. Покрај железото, содржи дури и фолна киселина и доволно витамин Ц, потребни за активација и апсорбирање на овој минерал.
Анемијата воопшто не смее да се изгнорира и мора да се лекува навремено, бидејќи од неа може да произлезат други, потешки болести.
ЛЕК ПРОТИВ АНЕМИЈА – Рецепт 1. Потребни состојки: 400 г мед, 50 г семе од коприва мелено, 2 големи или три помали лимони, 100 г сечкани бадеми и 100 г сечкани ореви. Постапка: Бадемите и оревите исечкајте ги ситно. Лимонот исцедете го.
Во некој поголем сад измешајте го медот, меленото семе од коприва, лимоновиот сок и јатките. Убаво промешајте да се изедначат состојките па складирајте во тегла. Се чува во фрижидер. Употреба: Консумирајте трипати дневно по една мала лажичка.
Рецепт 2 – Потребни состојки: 50 г семе од коприва, 100 г бадем непечен и 100 г мед. Постапка: Семето и бадемот се мелат во блендер, па се мешаат со медот додека да се добие густа паста. Секое утро се зема по една лажичка.
Рецепт 3 – Потребни состојки: 1 кг мед, 50 г семе од коприва и 50 г лист од коприва. Постапка: Се мешаат состојките убаво за да се изедначи смесата. Секое утро се зема по една лажичка