Ловоровиот лист (Laurus nobilis) или ловор, се ливчиња од ловоровото зимзелено дрво кое потекнува од медитеранските земји. Доказ дека ловорот се одгледувал и бил особено почитувано растение уште од далечното античко минато се познатите ловорови венци, изработувани токму од ловоровите листови.
Ваквите венци служеле како симбол на слава и победа, па биле користени за крунисување на победниците во различните актуелни спортови во стара Грција и Рим. Уште одамна ловоровите листови се користеле и во традиционалната медицина и како зачин, а денес ловоровиот лист е еден од најкористените зачини во медитеранската кујна.
Ловоровите ливчиња најчесто се употребуваат суви и цели, односно како зачин кој на јадењата им дава специфична арома. Се користат при подготвувањето на најразлични рецепти, како чорби, супи, риба, различни тавчиња итн. Исто така, позната е употребата на крупните зрна од црн пипер и ловоровите ливчиња кај ферментираната храна (зимници).
Исто така, во нивната сува форма, тие се употребуваат за подготовка на чај, додека свежите листови се употребуваат и за добивање на есенцијално масло од ловор. Ова есенцијално масло потоа се користи во козметичката индустрија, за подготовка на сапуни, парфеми итн.
Ловоровиот лист веќе долго време се користи како зачин, но и како лек, пред се поради неговите антисептички и антиинфламаторни ефекти.
Богат е со витамини од групата Б (рибофлавин, пиридоксин, ниацин и пантотенска киселина) кои придонесуваат за подобро функционирање на нервниот и мускулниот систем, има позитивно влијание врз метаболизмот, хормоналниот статус, а ловорот содржи многу минерали како калиум, бакар, манган, калциум , селен, железо, магнезиум и цинк.
Ловоровиот чај се користи во лекување на болести на органите за варење, анорексија, губење на апетит, дијабетес, кардиоваскуларни нарушувања, како и за дезинфекција на области за заштита од вируси, грип, настинки и разни други микроби.
Ловоровиот лист има седативно дејство и се користи во случај на нер.воза, напнатост и несоница. Исто така, ловоровиот лист може да биде многу корисен во третманот на гихт и ревматизам, а есенцијалното масло од ловор успешно се користи во третманот на заболување на лимфните јазли затоа што го зајакнува имунитетот. Доволно е да го протриете ловоровиот лист на кожата на грлото за да се ослободите од непријатноста.
Маслото од ловоров лист се користи и при респираторни проблеми бидејќи ја намалува непријатната честа кашлица и помага во исфрлање на слузта од белите дробови. Во фитотерапијата се користат лисја кои се берат кога се веќе целосно развиени, никогаш млади. Во козметиката, ловоровиот лист се покажа како одличен против отстранување на првутот од скал.пот и е составен дел на многу креми и лосиони за масна кожа и коса.
Подобра дигестија
Ловоровите ливчиња содржат одредени органски компоненти кои можат да помогнат при синдромот на нервозни црева, намалувајќи ги подуеноста и гасовите. Тие имаат позитивно влијание на гастроинтестиналниот систем и преку поттикнувањето на почестото уринирање, што помага за полесно отстранување на ток-сините од телото.
Ловоров лист против кашлица
Ситно исечкајте три ловорови лисја во тенџере, истурете 250 мл вода преку нив и варете уште 10 минути по зовривање на водата. Потоа тргнете го тенџерето од оган и оставете го чајот да отстои поклопен уште 10 минути, а потоа процедете. Подготвениот чај може да го засладите со мед и да додадете неколку капки сок од лимон, но само во изладен чај.
Чајот се пие два до трипати на ден во количина по 300 мл. Ловоровиот чај подготвен на овој начин позитивно делува против кашлање и се препорачува да се пие за зајакнување на имунитетот при грип, а најефикасен е кај бронхитис и други респираторни проблеми.
Сируп за ублажување на кашлицата со ловоров лист и жалфија
Потребни состојки: 1 шолја (200 мл) шеќер, 1 шолја вода, 10 ловорови лисја и 2 лажици жалфија (сува билка).
Постапка: Шеќерот ставете го на оган и загревајте на тивко додека да почне да се растопува. Пржете го додека да добие карамел боја, но внимавајте да не ви загори. Додајте ја водата. Поклопете и варете додека шеќерот да се растопи. Потоа додајте го ловоровиот лист и жалфијата и варете уште 10 минути.
Сирупот оставете го поклопен во садот во кој се вареше се додека да излади. Потоа процедете го и складирајте го во шише или тегла.
Употреба: Трипати дневно по една лажица (за деца по една лажичка), половина час пред јадење. Сирупот може да се приготви и без жалфија, на 10 лажици вода се ставаат 5 лажици шеќер и 5 ловорови лисја , се вари неколку минути, па се остава да излади.
Лек за зглобови од ловорови лисја, готов е за 10 минути
Г. П. Малохов, р уски доктор и експерт по народна медицина кој напишал повеќе од 60 книги, во една од своите книги има детално објаснето како да се излекуваат зглобовите и кос-ките.
Имено, со текот на времето во ткивата се таложат калцификати кои треба да се исфрлат и кои се причина за воспаленија и ограничено движење во зглобовите. Тој наведува еден многу едноставен рецепт за чистење на солите од организмот.
Навечер, во 300 мл зовриена вода, ставете 5 ловорови листови кои е најдробо да се издробат. Варете ги 5 минути, па тргнете ги од рингла. Оставете да отстои поклопено преку цела ноќ. Следниот ден процедете и пијте по малку, во мали голтки, во текот на целиот ден.
Три ноќи по ред правете раствор од ловор и пијте три дена. После направете пауза од 7 дена, а потоа терапијата може да се повтори по потреба. За хронични болести на зглобовите и кос-ките растворот се пие пет дена по ред, па се прави пауза од 7 дена.
Во текот на спроведувањето на третманот немојте да се исплашите доколку забележите дека урината ви е црвенкаста или често имате потреба за мокрење. Тоа е вообичаено, бидејќи солите од организмот почнуваат интензивно да се раствораат и така го драз.нат мочниот меур.
После две седмици, Малахов тврди дека ќе престане да ве б олат зглобовите и дека ќе забележите како целиот коскен систем станува многу помобилен. Тоа значи дека лекувањето со ловорот успеало. Ако и натаму чувствувате б олки – повторете ја терапијата. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска