Фантастични ледени коцки, ова е токму рецептот кој го приготвуваа нашите мајки, па добро е да се сочува од заборав. Колачот е многу вкусен и доста излегува, а кој го сака повисок, односно со поголем слој крем, може да измати уште 100 г шлаг или слатка павлака.
Преубав, сочен и проверен рецепт. Ледените коцки се старински колачи со многу кремаст вкус. Нашите баби и мајки ги подготвуваа на најразлични начини, некои додаваа овошје, а некои ги правеа само чоколадни..

![]()
![]()
![]()
![]()
Од овој рецепт излегуваат колачи за најмалку 10 лица, доволно за кога ќе ви дојдат гости или имате некоја прослава. Во продолжение може да го прочитате рецептот кој е неверојатен по вкус, се топи во уста. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 2 лажици какао, 8-10 лажици врел сируп за натопување на кората. ЗА ФИЛ: 1 литар млеко, 7 лажици брашно, 6 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 250 г маргарин/путер, 200 г шеќер во прав. ЗА ГЛАЗУРА: 150 г чоколадо, 2 лажици какао, 2 лажици шеќер, 3 лажици вода, 3 лажици масло.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Одвојте ги белките од жолчките. Белките пенасто изматете ги со миксер, па кога ќе добиете снег, додајте 6 лажици шеќер и продолжете да матите додека смесата да стане цврста и сјајна.
На крај додајте ги жолчките, па уште малку изматете за да се соединат. Во смесата додајте 6 лажици брашно и 2 лажици какао. Изматете прво со шпатула, а потоа завршете со миксер.




Добиената смеса излејте ја плех од рерна (или средна величина) претходно обложен со хартија за печење. Израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени. Проверете со чепкалка кога е готово.
![]()
![]()
![]()
![]()
За фил: Во пдлабок сад ставете 7 лажици брашно, 6 лажици шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер, па промешајте. Додајте 250 мл млеко, па изматете убаво да нема грутчиња. Остатокот од млекото ставете го на оган, па кога ќе зоврие додајте ја разматената смеса.
![]()
![]()
![]()
![]()
Варете со постојано мешање додека да се згусне, а потоа оставете настрана целосно да излади. Од печената кора извадете ја хартијата, а потоа натопете ја со малку врел шербет (8-10 лажици или по вкус, сирупот пригответе го од еднакви делови вода и шеќер, загреано на оган додека да зоврие и да се растопи шеќерот).
![]()
![]()
![]()
![]()
На страна пенасто изматете 250 г путер со 200 г шеќер во прав. Во изматениот путер постепено додавајте го изладениот крем и со матење соединиете ги. Добиениот фил рамнемерно нанесете го врз кората и израмнете. Ставете во фрижидер додека ја приготвувате глазурата.

![]()
![]()
![]()
![]()
За глазура: во еден сад ставете 150 г чоколадо за готвење, 2 лажици какао, 3 лажици вода, 3 лажици масло и 2 лажици шеќер. Загревајте на пареа или на многу тивок оган додека да добиете мазна смеса. Оставете малку да излади, па прелијте рамномерно врз колачот. Оставете убаво да се излади и стегне во фрижидер, а потоа сечете на коцки и послужете. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.












