Ништо подобро од фин и вкусен домашен леб, ниеден купечки не може да го замени.

Овој леб не содржи квасец!

Потребни состојки:

250 г интегрално брашно
250 г бело брашно
1 прашок за печиво (10 г)
1 лажица мед
2 лажички сол
3 лажици маслиново масло
300 мл млака вода

Постапка:

Загрејте ја рерната на 250 степени.

Измешајте ги сите состојки, па додадете масло, вода и мед.

Со лажица добро измешајте да се соедини. Поделете на два дела.

Ако е потребно дополнително наросете брашно по површината за да можете да го обликувате тестото.

Ставете на плех обложен на хартија и печете 15-тина минути, додека кората одозгора да стане цврста и кафеава.