Пригответе го овој вкусен леб кој може да им парира и на најсочните торти. Сигурно ќе ве воодушеви неговиот вкус!

Потребни состојки:

2-3 зрели банани, изгмечени

4 лажици путер

¼ чаша грчки јогурт

¾ чаша кафеав шеќер

1 јајце

1 лажичка ванила екстракт

1 чаша брашно

1 мала лажичка сода бикарбона

½ лажичка прашок за печиво

1 чаша исчистени и пресечени на половина цреши

2 лажици брашно

¼ чаша чоколадни топченца (ситни парчиња)

Прстофат сол

(ако сакате тестото да ви биде кафеаво, додадете малку какао)

Постапка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 160 степени, а бананите излупете ги и изгмечете ги.

Во подлабок сад, со миксер изматете ги бананите, јајце, путер, јогурт, шеќер и екстракт од ванила додека сето добро да се соедини. Во посебен сад измешајте чаша брашно, сода, прашок за печиво и сол, па сето убаво измешајте го со мокрите состојки. Мешајте со лажица додека убаво да се соедини, па додадете го чоколадото.​

Црешите поросете ги со две лажици брашно и добро измешајте за да можат убаво и рамномерно да се обложат, па на крајот додадете ги во тестото и промешајте.​

Намастете низок калап за леб, поросете со брашно, ставете ја смесата и печете 65-70 минути.

Пред да го извадете печениот леб од калапот, оставете го да излади најмалку 10 минути.