Лажните пити стануваат сѐ попопyларни ширум светот, од причина што се многу лесни за подготовка. Петнаесет минути поминати во кујна за подготовка, а после ви преостанува само уште да ја испечете питата и да ја послужите топла.




Овој тип на пите се наједноставни за подготовка од сите останати, зашто не ви се потребни кори, ниту треба да месите или развлекувате. Нивната подготовка е лесна бидејќи сите состојки само се мешаат, се излеваат во тавче, се стават на печење и тоа е целата „наука“.




Заради нивната едноставност стануваат сѐ попопyларни, а една од најубавите е лажната пита со пилешко. Постојат многу начини да ја направите, а еден од нив е да додадете гриз и кечап кој дава дополнителна крцкава текстура и убава нота на слаткост од кечапот. Еве кои состојки ви се потребни за да ја подготвите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пилешко филе (околу 470 г), 2 јајца, 4 супени лажици гриз, 1 главица кромид, 1 чешне лук, 2 супени лажици кечап, 1 супена лажица масло/путер, сол и црн пипер по вкус.




ПОСТАПКА: Белото месо замрзнете го за да може полесно да го изрендате. Оваа пита е посебна и поради тоа што месото не се готви претходно. Можете да купите и мелено бело месо, тоа е многу полесно, наместо да го рендате.




Обично белото месо се ренда на најкрупната страна од рендето, за да не ви се прави кашесто, а исто така треба да користите и гумени ракавици додека го држите за да не ви биде ладно на раката. Изренданото месо ставете го во еден подлабок сад. Додајте го гризот и добро измешајте. Една главица кромид исечкајте ја на ленти, а потоа на коцки, па додајте во садот.




Ставете ги јајцата и лукчето кое треба да биде ситно исечкано или поминато низ преса. Зачинете со сол и црн пипер по вкус и добро измешајте. Покријте го садот со проѕирна фолија и оставете да отстои 15-20 минути.




Една кружна тава за печење намачкајте ја со путер или со масло и наросете ја со презла. Излејте ја смесата во тавата, па израмнете. Премачкајте со масло, па печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час, па извадете и премачкајте со кечап и допечете уште 10 минути на истата температура. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт за многу лесна и вкусна пита:




Пробајте ја и следнава пита со готови кори. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кори за пита, 6 јајца, 600 мл јогурт, 100 мл масло, 180 г кисела павлака, 10 г прашок за печиво, сол по вкус. ПОСТАПКА: Со виљушка изматете ги јајцата, киселата павлака, посолете и додајте прашок за печиво, па соединете со јогуртот и маслото.

Плех со величина 21х36 см (оној стариот ако го имате со бели точки) малку намастете го и обложете го со најдебелата кора во пакувањето. Останатите кори преклопувајте ги како да правите лепеза, односно хармоника, но приближно преклопот да биде со широчина од 6 см (за да ви бида питата со подеднаква дебелина). Во зависност од величината на корите и плехот, диплете ги корите по широката или долгата страна.

Редете ги во плехот како што е прикажано на фотографијата. Внимателно распоредувајте го филот помеѓу наборите. Кората која ви виси преку плехот, убаво подбутнете ја во внатрешноста. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220 степени околу половина час, па потоа намалете ја температурата и печете уште толку време.

Доколку забележите дека многу брзо се зацрвенува од горната страна, тогаш најдобро би било да ставите хартија или фолија одозгора и да го продолжите печењето. Откако ќе се испече питата, додека е врела покријте ја со влажна памучна крпа.

Оставете ја вака да отстои половина час за да омекне и да се подизлади. Доколку питата ја сакате покрцкава, тогаш овој чекор треба да го прескокнете и да ја оставите питата да се олади без покривање. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.