ЛАЗАЊА ОД МАКАРОНИ СО ИТАЛИЈАНСКИ ШМЕК…Вистинска магија во чинија!
Овој рецепт е вистинско уживање за сите љубители на италијанската кујна!
Комбинацијата од кремаст сос, богат месен фил и топен кашкавал ќе ве однесе директно во срцето на Италија, пишува НМД.
Подгответе се за едноставен, а неверојатно вкусен оброк што ќе ги освои сите околу вас! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 40 г путер
– Еден врзоп млад кромид
– 2 лажици брашно
– 500 мл млеко
– 300 г пене ригате тестенини (макарони)
– 150 г тврд пармезан/кашкавал
– 1 кромид
– 2 чешниња лук
– 600 г мелено говедско месо
– 300 г сечкани конзервирани домати во сопствен сок
– 150 г тврда моцарела/кашкавал
– Сол, мелен црн пипер и мелен морско оревче по вкус
– НМД
Постапка:
Подготовка на крем-сосот: Во тенџере на среден оган растопете 40 г путер, додајте ситно сечкан млад кромид и пропржете 1 минута.
Додајте 2 лажици брашно, мешајте 30 секунди, па постепено влевајте 500 мл млеко. Зачинете со сол, црн пипер и малку морско оревче.
Мешајте додека сосот да згусне (околу 2-3 минути), па тргнете го од оган.
Во големо тенџере зовријте вода, додајте сол и сварете 300 г тестенини според упатството на пакувањето. Исцедете ги и оставете ги настрана.
Фил: во тава на среден оган загрејте малку масло, додајте ситно сечкан кромид и пржете 2 минути. Додајте 2 ситно сечкани чешниња лук, па 600 г мелено говедско месо.
Пржете 10 минути додека месото да порумени. Зачинете со сол и црн пипер, па додајте 300 г сечкани конзервирани домати. Гответе уште 5 минути.
Составување: во сад за печење измешајте ги сварените тестенини со месниот фил.
Прелијте со крем-сосот, па рамномерно распоредете 150 г рендан пармезан и 150 г рендана моцарела одозгора. Може да користите и кашкавал каков имате.
Печете во загреана рерна на 180°C (355°F) околу 40 минути, додека осозгора да добие златна коричка.
Сервирајте топло и уживајте во ова италијанско чудо! Buon appetito! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ:
https://www.youtube.com/watch?v=mmuOwHasyTI