Емисиите за готвење што ги следам често се тематски. Пред некој ден имаше тема – „кокос“, а готвачката ги направи овие коцки кои посебно ми оставија впечаток и одлучив да ги испробам.

Таа ги претстави како австралиска класика и ги нарече Ламингтонови коцки. Сосем слични на нашите „чупавци“ – а сепак различни, па дури можам да речам и поубави.




Koментар на Лела: „Ти благодарам Нина, сега кога ги јадеме се уште поубави како торта. Однатре се пријатно ароматични, а чоколадниот слој околу нив е прилично тврд, кога малку ќе отстојат. Доста убава и поинаква „коцка“ од досегашните. Мило ми е што ги направив.“ Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 125 г мек маргарин во кој може да додадете малку етерично масло, 100 мл сончогледово масло, 1 шолја шеќер, 3 јајца, 1 кесичка ванила, 1 шолја млеко, малку сол, 1, 3/4 сол брашно со прашок за печиво.

ЗА ПРЕЛИВ: 3, 1/2 шолји шеќер во прав, 1/2 шолја какао во прав, 1 лажица мек маргарин, 1 шолја топла вода. ЗА ВАЛКАЊЕ: околу 2 шолји кокосови трошки. Како мерка се користи шолја од 200 мл.




ПОСТАПКА: Во сад за матење ставете го мекиот маргарин маргарин, па додајте го шеќерот. Започнете да ја миксате смесата, а кога ќе зашочне да се соединува, постепено додавајте едно по едно јајце (вкупно 3).




Потоа се додава маслото, млекото и на крај брашното со малку сол и прашок за печиво. Додајте ја и кесичката ванила. Измиксајте ги состојките така што треба да се добие течна, хомогена смеса без грутчиња, за што ќе ви помогне миксерот, тие да се разредат.




Едноличната смеса се излева во калап или тава со димензии 20х30 см, обложена со хартија за печење и малку намастена. Доколку немате вакви големини на калап или тава, користете некој друг калап со слични димензии, па согласно со тоа определете го времето на печење.




Кората се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути. По печењето, кората се вади од тавата и се остава да се олади, па се сече на помали коцки. За тоа време ја подготвуваме смесата во која ќе ги потопиме коцките.




ЗА ПРЕЛИВ: Во еден сад просејте шеќер во прав и какао, додајте една лажица маргарин и топла вода и енергично измешајте до соединување на смесата. Секоја коцка со помош на 2 виљушки или поголема лажица се става да се натопи во течната смеса, а веднаш потоа додека коцката е уште мокра се валка во кокосовите трошки.




Вака подготвените коцки се редат во чинија, една до друга. Ако сакате коцките да бидат со точно иста висина, израмнете ја горната површина со нож, пред да ги исечете коцките. Објаснување:




Друго што многу ми се допадна е истурањето на кокосово брашно во два садови, а потоа прво потопувајте ги коцките во чоколадната смеса, па валкајте ги во едниот сад со кокосови трошки, а веднаш потоа и во другиот сад, исто со кокосови трошки.

Ова е добар начин и трик на слаткарниците за сите страни од коцките да бидат подеднакво бели. Иако можеби звучи чудно, како да нема логика, навистина функционира. Се надевам дека добро објаснив. Мене овој рецепт многу ми се допадна. / Сoolinarka.сom