ЛАХМАЏУН БУРЕК ЗА 10 МИНУТИ…Многу брзо, практично и вкусно јадење за секое време од денот…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Готови кори по потреба (1 голема фило кора или 3-4 обични)

За фил:
200 г мелено месо
по 1-2 зелена и црвена пиперка
2 мали главици кромид
3 мали домати
зачини по вкус
40-50 мл масло

За прелив:
1 јајце
100 мл млеко (може помешано со јогурт 50:50)
50 мл масло
1/2 лажичка прашок за печиво (не мора)

За салата:
сечкан кромид на ленти
магдонос, домат, пиперка…

ПОСТАПКА:

1.Сиот зеленчук сомелете го во процесор/блендер и помешајте го со меленото месо. Додајте масло и зачини по вкус, па добро промешајте.

2.Во друг сад пригответе го преливот: измешајте ги јајцето, млекото и маслото.

3.Врз плехот обложен со хартија и намастен ставете една голема фило кора и премачкјате ја со преливот.

4.Преклопете ја од сите 4 страни според големината на плехот и убаво натопете со преливот. Ако немате вакви големи фило-кори, тогаш користете обични тенки кори, по 2-3 или 4 една врз друга, секоја премачкана со преливот.

5.Преку целата површина рамномерно распоредете фил со мелено месо.

6.Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 8-10 минути.

7.На едниот крај ставете свежи билки или зеленчук како сечкан кромид, магдонос, пиперка, домат или нешто по ваш вкус и свиткајте ја кората како ролат. Секако, по желба, а може да не додавате ништо.

Може веднаш да се послужи. По желба одозгорљ можете да го премачкате ролатот со јајце/жолчка, да го посипете со малку рендан кашкавал и да го вратите уште неколку минути во рерна да се потпече пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/us1FJ24KeYM?si=iXLZ8UPZ3FklLH0U