Ова е една од оние бебешки торти кои сите ги сакаат. Брзо се прави и најчесто се изедува истиот ден.
Потребни состојки:
6 белки
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
За прелив:
200 мл млеко
2 лажици шеќер
За фил:
250 г путер/маргарин
250 г шеќер во прав
2 чаши (од 180 г) кисела павлака
300 г мелени бисквити или ореви
2 шлаг креми
Постапка:
Изматете ги белките со шеќерот, па во цврстиот снег додадете брашно и со лажица промешајте. Смесата се пече на намастен плех на 180 степени. Кога малку ќе пожолти кората е печена (околу 15-20 минути, во зависност од рерната).
Кога кората ќе излади избоцкајте ја со виљушка и одвојте ги краевите од тепсијата. Ставете млеко и шеќер да зоврие, па прелијте ја ладната кора и почекајте да го впие млекото.
Добро изматете го путерот со шеќер во прав, двете кисели павлаки и бисквитите. Колку подолго се мати толку филот станува поубав, повоздушест, но доволно е матење од 5-10 минути.
По оригиналниот рецепт одат и 6 жолчки, но јас не ги ставам.
Врз кората ставете фил, и одозгора украсете два изматени шлага (според ипатството на кесичката).
Ако не ви се брза многу, ставете ја тортата барем половина час или еден час во замрзнувач убаво да излади.