Квасецот е жив микроорганизам, едноклеточна габа која е клучна за ферментација на шеќерот. Меѓу многуте видови квасец, најпознат е „Saccharomices cerevisiae“, од кој се добива пекарскиот и пивскиот квасец. Индустрискиот квасец се користи свеж или сув, што има подолг рок на траење.
Квасецот е исклучително здрав и богат со многу хранливи материи и минерали. Покрај тоа што се користи во подготовка на печива и леб, одличен е за здравјето и помага во лекувањето на одредени болести.
Го подобрува варењето, ја потхранува косата и ноктите, има позитивен ефект врз имунолошкиот систем, а поради присуството на фолна киселина, препорачливо е бремените жени да го кoнсyмиpaaт со цел да го одржат здравјето на плодот.
Хранливиот квасец, исто така познат како сладок квасец, е неактивен квасец направен од шеќерна трска. Тоа е габа која се храни со шеќер, а шеќерот се користи за да се претвори во енергија.
Хранливиот квасец содржи фолати, тиамин, рибофлавин, ниацин, селен, цинк што го прави супер-храна. Има низок процент на натриум и маснотии, не содржи глутен и дополнителни шеќери и конзерванси. Тоа е одличен извор на витамин Б6. Важно е да се напомене дека нутритивниот квасец не е ист со пивскиот квасец.
ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ НА КВАСЕЦОТ. Го одржува имунолошкиот систем и истовремено го зајакнува.
Хранливиот квасец содржи соединенија како што се бета глукан, трехалоза, манан и глутатион кои се одговорни за зајакнување на имунитетот, намалување на високиот холестерол и намалување на ризикот од p aк.
Има антивирусно и антибактериско дејство
Се покажало дека хранливиот квасец е најдобриот производ за лекување на хронични симптоми на кандида. Исто така, неговиот антибактериски ефект е одличен во третманот на Ешерихија Коли, салмонела и стафилококи.
Го подобрува варењето на храната
Истражувањата покажуваат дека квасецот е одличен избор за лекување на дијареата и губење на апетитот. Пробиотиците кои се содржат во квасецот се одлични за оние со честа дијареа и нетолеранција на лактоза.
Има огромен процент на протеини и тиамин
Хранливиот квасец содржи 9 од 18 аминокиселини што телото не може да ги произведе самостојно. Квасецот содржи големи количини на тиамин, кој во комбинација со витамин Б помага да се регулира функцијата на кардиоваскуларниот, ендокриниот и дигестивниот систем.
Го стимулира растот на здрава коса и нокти и ја одржува кожата чиста
Квасецот содржи витамини Б, кои се важни за одржување на здрава коса, нокти и кожа. Ниацинот што се наоѓа во квасецот се користи за лекување на хронични акни и подобрување на квалитетот на кожата.
Иако е најпопуларен меѓу веганите и вегетаријанците, нутритивниот квасец дава одличен вкус на јадењата и е одлична замена за сирење, без вишок маснотии. За оние кои се нетолерантни на лактоза, нутритивниот квасец е одличен избор и може да се сервира со тестенини, салати, печени компири или пире од компири, супи.
Рецепт со квасец кој заменува оброк. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша млеко, 2 лажички сурутка во прав течност, 1 чаша овошје по избор, 1 лажичка какао, 1 лажичка ленено семе, 1 лажичка чиа семе, 1/2 банана, 1 лажичка хранлив квасец, цимет. ПОСТАПКА: Ставете ги сите состојки во блендер, измешајте и испијте веднаш.
За чистење на организмот, лекување од многу болести се препорачува да пиете суров квасец во малку вода или млеко.
Свежиот квасец веќе долго време се користи како природен лек, а денес се препорачува употреба на квасец за лекување на многу болести. Се кoнсyмиpa на празен стомак или помеѓу оброци по 1 – 2 лажички, растворени во малку вода или млеко, 1 – 3 пати на ден.