Home погача Кумановска погача со сирење – традиционален домашен рецепт што секогаш успева

Кумановска погача со сирење – традиционален домашен рецепт што секогаш успева

Кумановската погача со сирење е едно од оние старински домашни печива што се паметат по мирисот, слоевитата структура и богатото полнење.

Се подготвува од меко тесто, се лади кратко за да добие лисната текстура, а потоа се полни со сирење и јајца.

Однадвор крцкава, однатре мека и сочна – идеална е за појадок, вечера или свечено послужување гости, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Рецепт од нашите баби: Кумановска погача со сирење и јајца

🧾 Потребни состојки

За тестото:
• 600 г брашно
• 20 г свеж квасец (½ коцка)
• 1 кафена лажичка сол
• 2 кафени лажички шеќер
• 50 мл масло
• 300 мл млака вода

За премачкување:
• 200 г путер

За филот:
• 3 јајца
• 300 г сирење
• 100 мл свежо млеко

Традиционална Кумановска погача со сирење – старински домашен рецепт со меко тесто и лисната структура. Совршена за појадок или гости.

👩‍🍳 Начин на подготовка

1. Во длабок сад ставете го брашното, додајте сол и шеќер. Во средината направете вдлабнатина, додајте го издробениот квасец, сипете го маслото и постепено сипувајте ја млаката вода.

2. Замесете меко и мазно тесто, месете додека да стане еластично и нелепливо.

3. Тестото поделете го на 5 еднакви делови и оставете го да одмори 15 минути.

4. Секој дел развлечете го во кора со големина на чинија и премачкајте со омекнат путер (последната кора не се премачкува).

5. Кори редете една врз друга, покријте ги и ставете ги во замрзнувач 30 минути.

6. По ладењето, целото тесто развлечете го во една голема кора, поголема од тавата (округла тава бр. 30).

7. Во посебен сад изматете ги јајцата, додајте го сирењето и сипете го млекото.

8. Филот ставете го во средината на кората, а рабовите преклопете ги кон средина, оформувајќи погача.

9. Печете во загреана рерна на 180 °C, 25–30 минути, додека да добие убава златножолта боја.

💡 Корисни совети

• Краткото ладење на тестото е клучно за лисната и воздушеста структура.

• Може да користите младо или благо солено сирење, според вкусот.

• Највкусна е додека е топла, послужена со јогурт или кисело млеко.