Мои дами!!
Запамтете дека слојот од прашина го штити дрвото кое се наоѓа под неа.
Куќата станува дом кога на мебелот можете да напишете – ТЕ САКАМ. Знаев секој викенд порано да го поминам најмалку по 8 часа во чистење, бидејќи сакав се’ да биде совршено, случајно некој да не ни дојде на гости. Конечно еден ден сфатив дека никој не ми дошол на гости бидејќи сите се некаде надвор излезени, живеејќи го животот и забавувајќи се.
Денес, кога луѓето ме посетуваат, не морам да им ја објаснувам состојбата на мојот дом, сите главно се заинтересирани за работите кои ги правам, и работам додека се забавувам. Ако се’ уште не сте сфатиле сами, ве молам послушајте го овој совет.
Животот е краток. Уживајте во него! Чистете само колку што морате…зар не би било подобро да насликате слика, или да напишете писмо, или да испечете колачиња, или да засадите цвет… да ја научите разликата помеѓу САКАМ и МОРАМ?
Чистете онолку колку што морате…но немате премногу време, бидејќи постојат реки кои сакате да ги препливате, планини кои сакате да ги искачите, музика која сакате да ја ислушате, пријателства кои сакате да ги задржите, и живот кој сакате да го живеете…
Чистете онолку колку што морате, но животот е таму надвор, со сонцето во вашите очи, ветрот во вашата коса, снегулки на вашето лице, капки дожд… Овој ден повеќе нема да се повтори! Чистете колку што морате, но имајте на ум… Староста ќе дојде, а таа не е воопшто љубезна… а кога ќе умрете, а мора еден ден да се умре…вие самите ќе направите уште повеќе прашина…
Споделете го овој текст со сите прекрасни жени во вашиот живо