Доколку сакате да изедете нешто навистина здраво, измешајте круша и цвекло!
Цвеклото е богато со минерали, лекува слабокрвност и ги зајакнува крвните садови, додека крушата покар витамини и минерали, содржи и голема количина на растителни влакна кои ја подобруваат дигестијата.
Покрај тоа, ова овошје содржи и доста пектин кој го намалува холестеролот и го стабилизира нивото на глукоза во крвта.
Потребни состојки:
500 г цвекло
50 мл балсамико оцет
½ лажичка бел пипер
150 г круша
50 г желе од боровница
1 лажица скробно брашно
1 лажица шеќер
Малку сол
Постапка:
Измијте го цвеклото, излупете го и исечете го на тенки парчиња. Во лонец ставете 1 литар вода, балсамико, зачинете со сол и пипер, додадете го цвеклото и динстајте на тивок оган.
Крушите измијте ги, излупете ги, одвојте ги семките и исечете на парчиња. Пред целосно да омекне цвеклото, додадете ги крушите и динстајте уште 10 минути.
Пред сервисирање, заматете го скробното брашно со 2 лажици вода и желе од боровница, додадете го цвеклото и мешајте додека малку да се згусне.
По желба зачинете со уште малку балсамико и бел п