Фото и рецепт: Свежана Трајковиќ
1 ½ килограм кромид се сечка ситно
1 морков се ренда
1 пиперка се сечка
2-3 чешниња лукче
Сето ова се пржи и се дотура по малку вода. Кога е испржано се става 1 изрендан црвен домат и се зачинува по вкус.
Рибите се пржат посолени одвечер, прво се валкаат во брашно па се пржат.
Во земјена тава се истура испржениот кромид а врз него се редат пржените риби и во рерна на тивко се допекува околу половина час. Прсти да излижеш!