Тестото замесете го со јогурт за да добиете уште помеки крофни, а потоа премачкјате ги со џем и валкајте ги во кокос. Јогуртот на сите теста им дава посебна мекост и затоа е речиси задолжителна состојка кога правите мек леб или печиво.
Овојпат направете крофни според овој рецепт, а наполнете ги со некој домашен џем, крем или намаз по ваш вкус. Не треба да го чекате тестото да стасува, бидејќи не содржи квасец, па дури не трошите време ниту на обликување. Само сечете и пржете, а на крај валате во кокос. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 2 лажици шеќер, 2 лажици масло, 200 г цврст јогурт или кисела павлака, 350 г брашно, 1 кесичка ванилин шеќер (8 г), 8 г прашок за печиво (1 кесичка), 1 прстофат сол, џем по ваш избор, кокос за валање
ПОСТАПКА: Изматете ги јајцата со прстофат сол, шеќерот и ванилин шеќерот. Кога смесата ќе згусне и состојките ќе се растопат, додајте јогурт и масло, па промешајте за да се изедначат состојките.
Потоа постепено започнете да го додавате брашното помешано со прашок за печиво и мешајте додека да се впијат течности. Потоа замесете со рака. Треба да добиете меко тесто кое не се лепи.
Тестото развлечете го на набршнета работна површина во четириаглеста кора, а потоа потсечете ги ивиците за да добиете што поправилен (речиси идеален) правоаголник. Исечете четири приближно еднакви ленти.
На двете ленти распоредете по четири лажици џем, премачкајте ги краевите од лентите со белка од јајце, па преклопете ги со другите две ленти на кои нема ништо намачкано. Спојте ги горната и долната кора па сечете ромбоиди или форми какви што вие сакате.
Вака приготвените крофнички пржете ги во умерено загреано масло додека да позлатат од двете страни. Додека се топли премачкјате ги со џем и валкајте ги во кокосово брашно. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.