Вкусни и воздушести мекици за кои не треба да чекате тестото да стасува. Прочитајте го рецептот и веднаш направете ги – состојките веќе ги имате во кујна. Вкусни и меки како перничиња, воопшто не се масни. Еве што ќе ви биде потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 200 мл јогурт, ½ лажичка сол, 300 г брашно, 12 г прашок за печиво, масло. ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете две јајца, 200 мл јогурт, половина лажичка сол и убаво со жица за матење соединете ги состојките.
Кога ќе се изедначат, во смесата додајте 300 г брашно и 12 г прашок за печиво или една кесичка. Со рака замесете го тестото кое на крај треба да биде меко, мазно и сосем малку лепливо. Тестото не треба да одмора, туку веднаш истресете го врз набрашнета површина и со помош на оклагија развлечете голема тенка кора.
Со помош на модла или чаша вадете ги крофничките. Остатокот од тестото повторно размесете го и развлечете го во кора. Вадете крофнички додека да ви се потроши целото тесто. Во меѓувреме во тенџере загрејте масло на умерена температура.
Во него спуштајте ги крофничките. Пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат. Со решеткаста лажица вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка за од нив да излезе вишокот масло.
Многу е вкусен и следниот рецепт: Воздушни перничиња за појадок, веднаш се готови без киснење. Фото и рецепт: Аида Ван ден Вен-Хаџиќ. Некои ги нарекуваат мекици или теганици иако овие не се тегнат, приганици, уштипци, пексимети…
Секој различно ги нарекува. Но името не е толку важно. Она што е важно е дека многу брзо се приготвуваат и имаат одличен вкус. Ова е доза за најмалата мера, а вие ако сакате удвојте ги количините.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 100 мл јогурт, 50 мл вода, малку сол по вкус, малку помалку од половина прашок за печиво, 200-250 г брашно. ПОСТАПКА: Се мати јајцето со виљушка, му се додава јогурт, па вода, се посолува по вкус.
Во брашното се додава малку прашок за печиво, па постепено се додава во течните состојки и се меша прво со лажица, а потоа и со рака. Добиеното тесто се развлекува со оклагија во правоаголна кора од која потоа со остар нож се сечат правоаголници.
Се пржат во загреано масло на умерена температура од двете страни додека убаво да заруменат. Се послужуваат топли или ладни, во солена или слатка варијанта, како вас ви се поубави.