Фото и рецепт: Родна Трпеска

Потребни состојки:

300 мл врело млеко
200 мл кисело млеко
1 квасец
2 лажички шеќер
1 лажица сол
2 жолчки
1 јајце
2 филџани за кафе масло
брашно по потреба
маргарин

Постапка:

Во 300 мл врело млеко се додава 200 мл кисело млеко и се меша додека да засири. Кога е млако се додава квасецот со две лажички шеќер и малку брашно. Се промешува да се изедначи смесата, па се остава на топло да се активира и запени.

Потоа се додава една лажица сол, две жолчки, едно цело јајце, две мали шолјички за кафе масло и брашно по потреба.

Брашното се додава постепено. Додека може се мати со маталка, а потоа се меси со рака за да се добие средно меко тесто кое не лепи на раце.

Тестото откако ќе се измеси убаво се дели на 4 топки. Секоја топка се развлекува во голема кора врз кора се ренда замрзнат маргарин. Кората се сече на 16 делови кои се редат еден врз друг и повторно се формира топка. Топката се става во кеса, па се остава во фрижидер да отстои половина час. Истата постапка се повторува за сите четири топки.

Од секоја топка повторно се развлекува голема кора која се сече на 16 триаголници. Се виткаат кифли и се редат во плех обложен со хартија. Се оставаат да стасуваат додека да се удвојат, па се премачкуваат со белка и се наросуваат со сусам. Се печат во загреана рерна на 180-200 степени додека да заруменат (според вашата рерна).

Фото и рецепт: Родна Трпеска