Брз кремаст колач со одличен вкус, лесно се подготвува, ќе ве воодушеви. Нема печење и многу готвење, а целиот колач е облеан со крем. На вкус е лесен и нема да ви прави тешко на стомакот. Во продолжение може да прочитате уште еден од најдобрите рецепти за кремасти колачи, кој не се пече. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 3 кесички ванилин шеќер (30 г), 250 мл слатка павлака за шлаг, 4 кесички пудинг од ванила (160 г), 200 г густин, 150 г шеќер, 1,8 – 2 литри млеко, 1 пакување Петит кекси или лиснато тесто (по желба).

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 250 г петит кекси по избор (со какао, темни), сок од портокал или млеко за натопување на кексите, 400 г кисела павлака, 200 г шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, 200 г мелени кекси, 100 г чоколадо со вкус на малина или јагода со цврст фил, 1 шлаг крем од ванила, 100 мл ладно млеко и 200 мл слатка павлака.

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Од 2 литри млеко одземете 400 мл. Остатокот од млекото ставете го на оган, додајте шеќер и ванилин шеќер. Пудингот и густинот добро измешајте ги со 400 мл млеко, да нема грутчиња. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од оган, намалете ја температурата на минимум и полека додајте ја смесата од пудинг и густин со постојано мешање.




Не смее пребрзо да се долема смесата за да не се направат грутчиња. Вратете на оган и варете уште неколку минути додека убаво да се згусне. Пробајте дали е доволно слатко, па по желба додајте уште шеќер додека смесата е врела, бидејќи шеќерот веднаш ќе се растопи и впие.




Кремот оставете го да се лади со повремено промешување и покријте го со фолија за да не се создаде коричка. Слатката павлака изматете ја во шлаг и потоа соединете ја со изладениот крем. Кратко изматете со миксер за да можат убаво да се соединат во пенлив крем.




Кој сака, може да испече лиснато тесто како подлога, па да го филува со кремот. Јас секогаш наместо кора користам бисквити. ЗА ПОДЛОГА: Бисквитите кратко натопувајте ги во млеко и редете ги во плехот или калапот како подлога. Одозгора излејте половина од кремот, па наредете втор слој фил.




На крај завршете со трет слој бисквити и декорирајте со шлаг или наросете шеќер во прав. Може да користите и само два слоја бисквити (горе и долу). За да биде поцврст кремот може во него да додадете и 1 инстант желатин. / Coolinarika.com

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Киселата павлака, шеќерот и ванилин шеќерот лесно измешајте ги со лажица. Додајте ги мелените кекси. Повторно промешајте, па додајте го сечканото чоколадо (не многу ситно, на покрупно). Повторно промешајте. Потоа додајте го претходно изматениот шлаг крем. И сето заедно убаво промешајте.




Во тепсија со димензии 30х20 см наредете кекси кои на кратко само сте ги натопиле во сок или млеко и веднаш сте ги извадиле. За еден ред ми беа потребни 12 кекси (3х4) и уште 1 до 2 искршени за пополнување на аглите. Врз бисквитите распоредете фил, па преку филот повторно наредете натопени кекси.




200 мл слатка павлака изматете со миксер во цврст шлаг, па нанесете го одозгора врз кексите. Украсете со чоколадни трошки или по желба. Деталите од целата постапка за вториот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.