Овие мус коцки ќе ве маѓепсаат и со изгед и со вкус. Нема поубави и покремасти колачи од нив, а се прават доста лесно. За дечињата се рај, им ставам 2 парчиња и среќни се после цел ден. Во продолжение може да прочитате уште еден рецепт, па тој рецепт кој ви полесен, направете си го.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 2 лажици какао, прстофат прашок за печиво. Кората се пече во плех со димензии 22х32 см, а потоа се прелева со 150 мл млеко.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ: 400 г кисела павлака, 200 г шеќер во прав, 200 мл слатка павлака, 250 г мелени кекси. За втор слој: 200 мл слатка павлака, 2 кесички шлаг крем од ванила, 4 лажици шеќер во прав, 150-200 мл млеко, 50 г рендано чоколадо

ПОСТАПКА: Од јајцата кои претходно отстојале на собна температура, одвојте ги белките и жолчките во посебни садови. Пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот додека тој да се растопи.




Кога ќе добиете цврст и сјаен снег од белки, започнете да ги додавате една по една жолчките додека непрекинато ги матите. Може да ги додадете одеднаш сите пет жолчки, но подобро се инкоропираат една по една.

Во посебен сад измешајте ги сувите состојки: 5 лажици брашно, 2 лажици какао во прав и половина лажичка прашок за печиво (или прстофат), изедначете, па мешавината додајте ја во изматените јајца.




Продолжете да матите со намалена брзина на миксерот или со шпатула, додека да се изедначат состојките. Добиената смеса излејте ја плех обложен со хартија за печење и домензии приближно на 22х32 см.

Израмнете, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Кога ќе се испече извадете ја од рерна, почекајте малку да подизлади, па отстранете ја хартијата. Кората вратете ја во плехот во кој се печеше и рамномерно прелијте ја со 150 мл ладно млеко.




Во еден подлабок сад ставете 400 г кисела павлака и додајте 150-200 г шеќер во прав. промешајте со лажица за да се изедначи смесата. На страна со помош на миксер изматете 200 мл слатка павлака, додека да добиете шлаг. Потоа овие две смеси соединете ги и уште кратко изматете.

Во добиениот крем додајте 250 г мелени кекси, па промешајте со лажица додека да се изедначи. Овој крем нанесете го врз изладената кора, распоредете рамномерно и израмнете.

Во подлабок сад ставете 200 мл слатка павлака и содржината од две кесички – шлаг крем со вкус на ванила. Додајте 4 лажици шеќер во прав и пенасто изматете со миксер. Кога кремот ќе згусне, додајте 200 мл ладно млеко и продолжете со матење.




Кремот распоредете го врз претходниот крем и рамномерно израмнете. Одозгора наросете рендано чоколадо, па колачот оставете го во фрижидер да се лади најмалку 2 до 3 часа или преку цела ноќ. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.

(втор рецепт) ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 180 г путер, 100 г чоколадо за готвење, 4 јајца, 100 г шеќер, 4 лажици остро брашно, ½ кесичка прашок за печиво (6 г). ЗА МУС ОД ПОРТОКАЛ: 2 јајца, 100 г шеќер, 350 мл сок од портокал, кора од 1 портокал, 10 г желатин (1 кесичка), 300 мл слатка павлака.




ЗА ЧОКОЛАДЕН МУС: 2 јајца, 50 г шеќер, 200 г чоколадо за готвење (со поголем % какао), 500 мл слатка павлака. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г чоколадо за готвење, 50 г путер, 3 лажици масло, 1 лажица вода.

ПОСТАПКА: Путерот и чоколадото искршено на коцки растопете ги на пареа или на многу тивок оган. Оставете да излади. Одвојте ги белките од жолчките. Жолчките со шеќерот пенасто изматете ги со миксер додека да згусне и побели смесата.




Додајте го изладеното чоколадо со путер и уште еднаш убаво изматете за да се соедини. Потоа додајте брашно помешано со прашок за печиво и изматете да се соедини.

Маталките убаво измијте ги и избришете ги за да ги изматите белките со прстофат сол. Кога ќе добиете цврст снег, со шпатула внимателно додадете ја претходната чоколадна смеса и внимателно промешајте да се соедини, но смесата да остане воздушеста.




Плех со димензии 30х20 см малку намастете го и набрашнете го, па во него излејте ја смесата и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Печената кора оставете ја да излади.

Мус од портокал: Измешајте го желатинот со 4 лажици ладна вода и оставете да набубри. Со жица измешајте ги јајцата, шеќерот, сокот од портокал и ренданата кора, па ставете го садот на пареа и сварете ја смесата со постојано мешање додека да почне да се згуснува, околу 15 минути.

Тргнете од оган, па додајте го желатинот растопен на најтивок оган. Добро измешајте и оставете да излади. Посебно изматете ја слатката павлака во шлагот, внимавајќи да не ја прематите, па со лажица лесно вмешајте ја во млакиот крем. Кремот распоредете го врз печената кора и ставете во фрижидер додека го подготвувате чоколадниот крем.

Напомена: може да користите и свежо исцеден сок од портокал, но и купечки, но секако кремот ќе биде повкусен со природен свеж сок. За чоколаден мус: со жица добро изматете ги јајцата со шеќерот, па ставете го садот на пареа и варете со постојано мешање 5-10 минути додека да се сварат и згуснат.

Потоа додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи и добиете мазен чоколаден крем. Тргнете од оган и оставете да излади. Посебно изматете ја слатката павлака во шлаг, внимавајќи да не ја прематите, па со шпатула полека додадете ја во млакиот чоколаден крем.

Напомена: Внимавајте чоколадниот крем да не врел зошто од топлината ќе ви се разводни шлагот. Кремот распоредете го врз изладениот крем од портокал и ставете го колачот во фрижидер додека ја приготвувате глазурата.

Глазура: Сите состојки растоепете ги на пареа со постојано мешање. Почекајте 5 минути малку да излади, па со глазурата прелијте го колачот. Одозгора можете да декорирате со рендана кора од портокал, парчиња портокал или по желба.