Кремаст колач со предобар вкус кој е лесен и едноставен за подготвување. Овој рецепт треба да го пробаат сите љубители на „Чоко-моко“ коцките. Рецептот со видео презентација го подготви Станислава Маниќ / „Гала фуд“.




Потребни состојки за кора: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 2 лажици какао, прстофат прашок за печиво. Кората се пече во плех со димензии 22х32 см, а потоа се прелева со 150 мл млеко.




Потребни состојки за крем: 400 г кисела павлака, 200 г шеќер во прав, 200 мл слатка павлака, 250 г мелени кекси. За втор слој: 200 мл слатка павлака, 2 кесички шлаг крем од ванила, 4 лажици шеќер во прав, 150-200 мл млеко, 50 г рендано чоколадо




Постапка: од јајцата кои претходно отстојале на собна температура, одвојте ги белките и жолчките во посебни садови. Пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот додека тој да се растопи.




Кога ќе добиете цврст и сјаен снег од белки, започнете да ги додавате една по една жолчките додека непрекинато ги матите. Може да ги додадете одеднаш сите пет жолчки, но подобро се инкоропираат една по една.




Во посебен сад измешајте ги сувите состојки: 5 лажици брашно, 2 лажици какао во прав и половина лажичка прашок за печиво (или прстофат), изедначете, па мешавината додајте ја во изматените јајца.




Продолжете да матите со намалена брзина на миксерот или со шпатула, додека да се изедначат состојките. Добиената смеса излејте ја плех обложен со хартија за печење и домензии приближно на 22х32 см.




Израмнете, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Кога ќе се испече извадете ја од рерна, почекајте малку да подизлади, па отстранете ја хартијата. Кората вратете ја во плехот во кој се печеше и рамномерно прелијте ја со 150 мл ладно млеко.




Во еден подлабок сад ставете 400 г кисела павлака и додајте 150-200 г шеќер во прав. промешајте со лажица за да се изедначи смесата. На страна со помош на миксер изматете 200 мл слатка павлака, додека да добиете шлаг. Потоа овие две смеси соединете ги и уште кратко изматете.




Во добиениот крем додајте 250 г мелени кекси, па промешајте со лажица додека да се изедначи. Овој крем нанесете го врз изладената кора, распоредете рамномерно и израмнете.




Во подлабок сад ставете 200 мл слатка павлака и содржината од две кесички – шлаг крем со вкус на ванила. Додајте 4 лажици шеќер во прав и пенасто изматете со миксер. Кога кремот ќе згусне, додајте 200 мл ладно млеко и продолжете со матење.

Кремот распоредете го врз претходниот крем и рамномерно израмнете. Одозгора наросете рендано чоколадо, па колачот оставете го во фрижидер да се лади најмалку 2 до 3 часа или преку цела ноќ. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.