Потребни состојки:

10 белки

500 г шеќер

2 лажички лимонов сок

за фил:

10 жолчки

5 лажици брашно

500 мл млеко

250 г ореви

250 г путер

за фил2:

4 кесички шлаг

400 мл млеко

Постапка:

За корите: белките се матат заедно со шеќерот во цврст снег, па при крај се додава лимоновиот сок и уште малку се мати. Смесата се излева во плех обложен со хартија и се пече во претходно загреана рерна на 150 степени околу 20 минути. Потоа намалете на 100 степени и печете уште еден час.

Во меѓувреме сварете фил:

Жолчките изматете ги со брашно и малку млеко без грутчиња. Сварете во преостанатото млеко и шеќер исто како пудинг.

Сварениот фил покријте го со проѓирна фолија и добро изладете. Кората кога ќе излади пресечете ја на два дела, така да добиете две кори.

Путерот измиксајте го, додадете го во филот заедно со оревите и добро измиксајте. Направете шлаг, па филувајте по ред: кора, фил со ореви па шлаг и повторете уште еднаш.