КРЕМАСТА ЧОРБА ОД ПЕЧУРКИ….Многу вкусен топол оброк од зеленчук, полна чинија со витамини…Ако сакате да ја направите посна, само одземете го млекото или заменете го со растително млеко. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):
15-20 печурки
1 главица кромид со средна големина
1 морков ситно сечкан или рендан
2- 3 чешниња лук
1 црвена пиперка
сол, црн пипер
1 полна лажица брашно
1 китка копар/магдонос
3 – 4 лажици маслиново масло
1/2 чаша млеко (за посна варијанта користете растително млеко, опционално)
4 чаши топла вода
ПОСТАПКА:
1.На малку масло запржете го морковот, па штом омекне по 1-2 минути додајте го ситно сечканиот кромид.
2.Промешајте и динстајте неколку минути, а додајте ја ситно сечканата пиперка, како и печурките исечени на ленти.
3.Кога печурките ќе омекнат, додајте 1 лажица брашно и пржете додека малку да замириса.
4.Додајте 4 чаши топла вода и измешајте. Кога чорбата ќе зоврие и малку згусне, додајте млеко на собна температура.
5.Зачинете со сол, црн пипер и сечкан копар и крчајте 10 – 15 минути со повремено промешување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.