Потребни состојки:

4 јајца

5 лажици шеќер

4 лажици вода

4 лажици масло

4 лажици брашно + 2 лажици

1 лажица какао

4 лажици сечкани ореви

100 г суво грозје

3 пудинг од ванила + шеќер за пудингот

700 мл млеко

½ прашок за печиво

Постапка:

Изматете ги жолчките со шеќерот, додадете брашно со прашок за печиво, 4 лажици вода, масло, какао и ореви. Сето добро промешајте го и смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех.

Печете на 200 степени околу 15 минути.

Пудингот сварете го во 700 мл млеко и засладете го по желба, па разлејте го врз печената кора.

За тоа време додека се пече бисквитот, изматете ги белките со шеќер, додадете 2 лажици брашно и суво грозјте, па тоа ставете го врз пудингот и израмнете.

Вратете во рерна да се допечат и белките, намалете на 180 степени и печете уште 15 минути.

Изладениот колач сечете го на коцки и уживајте во врниот вкус.

Деталите за приготвувањето погледнете ги во видеото: